Наша докторка со емотивна исповед два дена по операција: „Рак на 28 години? Да, тоа сум јас!“
„Ок, ке почнам од почеток.
Како открив? Ден после сликава.
После прекинот на доењето со моето второ дете ми се појави 'грутка' во левата града - но навикната на грутки во градите (сите мајки што доеле знаат) мислев дека не е ништо. Како и да е отидов на преглед затоа што грутката се зголемуваше и почна да ме боли. Направив ехо кај доктор што нема да го споменувам и бев уверена дека - сѐ е во ред.. 'Ова е само густо масно ткиво'.
Е тука е мојата најголема грешка што сликите од ехото не ги покажав на мајка ми. Мајка ми е инаку радиолог за гради во Англија и е ментор на специјализанти од Кембриџ. Не и кажав за сето ова, дури по 2 месеци кога навистина почна да се зголемува и сериозно се загрижив. Итно направивме магнет со контраст на дојка и тогаш ги слушнав најлошите зборови во 2020 година од мајка ми (ако мислите сте имале лоша година, размислете уште еднаш) – ‘Марија ова изгледа малигно’.
Потоа веднаш направивме биопсија за да се одреди каков вид на карцином е - мојот беше Естроген позитивен, Хер негативен.
И тоа претставуваше почеток на најлошата недела во мојот живот- неверување, плачење, страв, обвинување.
Но поуката од ова е:
Редовно правете си само преглед.
Ако забележите нешто (топче, грутче, болка, исцедок) веднаш одете на лекар.
Како што знаете кај нас, а и секаде во светот после 40та година се прави скрининг секоја година со мамографија. Тоа е најлесниот и најевтиниот начин за преглед. Прегледот трае 5 минути и тоа е тоа.
Но, за сите нас пред таа возрасна група - златно правило - самопреглед и свесност за своето тело.“
Секоја чест на храброста што доктор Марија одлучи да зборува јавно и ѝ посакуваме брзо закрепнување и да ја остави оваа немила епизода од животот зад себе.
С. С. | Црнобело