Лила со хит фотка од Кападокија за Валентајн, ќерката на Мелита Ракичевиќ му се израдува на снегот: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 15 февруари 2021
„Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток“, порача Миа Костова со фотографијата што ја објави по повод Денот на вљубените и Свети Трифун. Што прават презентерката Бубе Јаневска, пијанистот Симон Трпчевски и другите познати македонски личности деновиве?
Лила Филиповска периодов ужива во прекрасната Кападокија, а по фотките од летањето со балон таму, таа сподели уште фотографии, меѓу кои на една е насмеана од шестка до шестка и порачува: „Мојата реакција кога ќе ме прашаат како ќе го прославам Валентајн“.
Водителката Барбара Ракиќевиќ, ќерка на Мелита Раќичевиќ, му се израдува на снегот и појде на прошетка во Градскиот парк во Скопје. Аделина Тахири го славеше Денот на вљубените во романтична атмосфера.
По повод Денот на вљубените и Свети Трифун, Миа Костова напиша:
„Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток, а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден.
По сите случувања периодов, имам желба да се извинам за импулсивноста и начинот на кој го правам тоа со надеж дека ќе се променам и со надеж дека многу работи ќе се променат за да немам прилика да си ја тестирам импулсивноста.
Ви благодарам за сѐ!!!
Живели и да се сакаме, од денес и во иднина, тоа не значи дека ќе дискутираме за розеви теми туку дека ќе ги зборуваме многу поинаку.
Што и да славите, нека е живели“
Што правеа останатите македонски ѕвезди деновиве?
Симон Трпчески
Бубе Јаневска
Лила Филиповска
Иван Јованов од Либеро бенд
Aнтониа Гиговска
Барбара Ракичевиќ
https://www.instagram.com/p/CLRtl-wrYXj/