Предновогодишна донација од Бимилк за социјални здруженија и организации
- Детали
- петок, 18 декември 2020
Во пресрет на новогодишните празници Битолска млекара традиционално и оваа година додели донација за повеќе семејства во неповолна социјална состојба.
Донацијата е доставена до четири здруженија Аутизам МК, Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром Доза среќа, Црвен Крст Битола и Здружение за унапредување на образованието кај ромската популација Ирхом Топаана кои потоа ќе ги распределат до семејствата и своите членови.
Со оглед на периодот на присутност на вируси и настинки и потребата од консумирање производи што го поттикнуваат имунитетот, Битолска млекара донацијата ја состави од Баланс+ имуно млеко со цинк и Битолско млеко со што на овие семејства им се овозможува внесување здрави и имуностимулирачки млека кога тоа е најпотребно.
Стратешката определба на Бимилк е општествено одговорно дејствување, кое многу често се гледа во бројни донации како оваа, а активностите коишто имаат за цел да придонесат за подобрување на состојбата на оние кои имаа потреба од помош, се веќе традиција за компанијата.