„За набрзо да се гушнеме и запееме во еден глас“ – Македонските музичари ја подигаат свеста за носење маска (видео)
- Детали
- среда, 11 ноември 2020
Каролина порача дека треба да носиме маска за да се гушнеме и запееме во еден глас, Влатко Стефановски носи маска со надеж дека наскоро повторно ќе свириме во живо пред многу публика, а Тамара за себе и за оние што ги сака - македонските музичари упатија порака за важноста на носењето маски.
Како што ситуацијата со корона вирусот станува посериозна, така луѓето мора да сфатат дека сите ние мора да се вклучиме во процесот и да бидеме одговорни за што побрзо да се стави под контрола состојбата.
Нашите музичари се вклучија во кампањата „НосамМаска“ и во видео снимено во Македонската опера и балет упатија порака до сите сограѓани.
„За да се заштитиме себе и сите околу нас. Затоа што секој од нас има одговорност. Голема благодарност до нашите музички уметници Влатко Стефановски, Никола Перевски - Пере, Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ружица Милошеска Брчиоска кои ја поддржаа кампањата #НосамМаска за подигнување на свеста за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 вирусот.“ - напиша Венко Филипче во опис на видеото.
За да се заштитиме себе и сите околу нас. Затоа што секој од нас има одговорност. Голема благодарност до нашите музички...
Posted by Венко Филипче on Wednesday, November 11, 2020
Погледнете и „Ходник полн спомени“: Каролина Гочева во совршено модно издание (фото)
М. М. | Црнобело