„ЛУНЕСОЛ“ – Игра за промени - првата едукативна наративна авантура за препознавање и превенција на радикализација

Центарот за социјални иновации - Блинк 42-21 продуцираше дигитална едукативна игра “Lunesol“, како алатка за едукација и обука на ученици, наставници и младински работници за препознавање и превенција на радикализација која води кон насилен екстремизам.

lunesol-igra-za-promeni-prvata-eduaktivna-narativna-avantura-za-prepoznavanje-i-prevencija-na-radikalizaicija-01.jpg

Играта користи метод на “гејмификација“ – учење преку примена на елементи на игра и забавасо специфична цел да се вклучат играчите во истражување и решавање на некој проблеми.

„Lunesol“ е достапна на македонски и албански јазик на веб платформата www.lunesol.eu, a мобилната апликација може да се преземе преку Google Play и App Store.

„Истражувањата покажуваат дека дигиталните игри можат да бидат многу ефикасни како дидактички средства во наставата и директно да влијаат врз вклученоста и мотивираноста на учениците и индиректно кон стекнување на повеќе знаења и вештини. Гамификација ги охрабрува учениците на акција и на глобално ниво е еден од најпопуларните и најпосакуваните трендови за учење меѓу учениците. Справувањето со радикализацијата која води кон насилен екстремизам е сложен проблем бидејќи постојат различни фактори (на пр. социјални и културни) и корелациите меѓу овие фактори не се лесно разбирливи. Оттука, игрите како „Lunesol“ придонесуваат за младите луѓе да се стекнат со општествени, културни и морални спосбности за да го подобрат своето критичко размислување, а истовремено да им обезбедат на едукаторите вистинска алатка која ќе помогне во справување со сензитивни прашања, како ова“ – велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Развојот на оваа дигитална наративна авантура беше исклучително детален процес во кој беа вклучени наставници, педагози, психолози и експерти од областа на превенција на радикализација и насилен екстремизам, како и претставници од релевантните држани инстиуции.

„Lunesol“ е наративна авантура обезбедува можност за "играње во улоги", во која еден играч ќе може да ја игра играта од различна перспектива преку различни карактери, па оттаму да добие претстава за различни аспекти, мотиви, и закани кои произлегуваат од радикализацијата која води кон насилен екстрамизам. Главната алатка за интеракција на играчот со играта се изборите кои ги прави за време на играњето со што го менува и текот на самата игра. Играчот може да ги воочи ефектите од изборите што ги прави и да извлече поука од сопствените одлуки, без разлика дали се позитивни или негативни, во еден безбеден виртуелен простор“ – велат од Блинк 42-21.

lunesol-igra-za-promeni-prvata-eduaktivna-narativna-avantura-za-prepoznavanje-i-prevencija-na-radikalizaicija-01.jpg

Со подигање на свеста за тоа како и кога е возможно да се појават процеси на екстремизам во образовните средини, корисниците на играта ќе можат да идентификуваат дали тоа се случува во нивните училишта или во нивното општествено опкружување. Тие ќе знаат што да бараат но и да ја препознаат сопствената одговорност.

Проектот „Игра за промени – дигитална игра- едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедницата“ се реализираше во блиска соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Министерството за Внатрешни Работи, Министерството за образноание и наука и Бирото за развој на образование. Проектот е финансиски поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија, имплементиран од фондацијата Хедаја.

Повеќе за Лунесол на социјалните мрежи: Facebook и Instagram, како и на веб-страницата.

Би можело да ве интересира:

Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Како арапска принцеза во пустина - Сузана Гавазова по Тајланд, ужива во Дубаи Сузана Гавазова објави видеа во кои танцува боса на пустинските дини облечена во...
Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Џамлии, жмурка: Maкедонските познати личности ги откриваат омилените игри од детството + како изглед... Лила Филиповска вели: „Во детството сакав многу плочка и игравме ластик“, а пак ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg