МАПАС од утре започнува со активности по повод 15 Септември – Ден за пензиската свесност

mapas-od-utre-zapochnuva-so-aktivnosti-po-povod-15-septemvri-den-za-penziskata-svesnost001.jpg

Скопје, 14.09.2020– Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември, започнува низа активности, чија цел е едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ.

МАПАС преку различни активности сака да ја подигне свеста, особено кај младата популација, за потребата од навремено вклучување во тростолбниот пензиски систем и соодветно информирање на сите граѓани за најновите промени во регулативата што се однесува на капитално финансираното пензиско осигурување и следење на својата пензиска заштеда.

Покрај тоа, МАПАС се фокусира и на зголемување на интересот за информирање за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за начините за добивање на навремени и релевантни информации за различните аспекти на членувањето во вториот и третиот пензиски столб.

Би можело да ве интересира:

Нашата докторка Марија Бунда Калпак почина од рак на дојка, но нејзината мисија не заврши: „Жени, пр... Марија беше личност која многумина ја паметат не само по нејзината стручност, ту...
Вива ја има тајната за енергични зимски денови Со доаѓањето на студените месеци, здравјето станува приоритет, а Вива ја нуди со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg