Поттикнете ја љубопитноста и креативноста кај вашето дете - Онлајн курсеви во Скампер
- Детали
- четврток, 10 септември 2020
Едукативниот центар Скампер започна со уписи на деца за новата школска година, во мали групи и со индивидуален пристап.
Оваа година, покрај курсеви за развој на креативноста, новина е можноста за дополнителна настава со онлајн менторски часови за децата од прво и второ одделение. Исполнете го времето на вашето дете со креативни активности и поттикнете ја неговата љубопитност и креативно изразување. Изберете ја програмата која сметате дека е најсоодветна за него:
Скампер сениори курсеви за креативност - програма за деца од 5 до 8 години, со часови три пати неделно (понеделник, среда и петок) по 120 минути која почнува на 10ти септември. Целта на оваа програма е негување на љубовта кон креативното изразување и уметноста кои играат многу важна улога во развојот на децата.
Скампер сениори менторски часови за прво и второ одделение - програма за деца од 6 до 7 години, кои тргнуваат во прво и второ одделение. Оваа програма ќе започне на 1ви октомври и ќе го следи текот на училишната година. Со секојдневни часови од 120 минути во попладневните часови, ќе обезбедиме совладување на материјалот доколку настанале потешкотии или нејаснотии во процесот на формалната онлајн настава.
Скампер јуниори - програма за деца од предучилишна возраст со комбинирана настава на физичко присуство два пати во неделата и онлајн часови по 60 минути која почнува на 10ти септември.
Капацитетот на групите е ограничен, со цел да се обезбеди квалитетно одвивање на наставата и индивидуален пристап при работа, групите се со максимален број од пет деца.
Повеќе информации можете да побарате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на социјалните мрежи, на контакт формата на веб-страницата на Скампер или пак на телефонскиот број 075204501 и да поразговарате со некој од нашите едукатори.