За малку ќе нè тужеше колегата за мобинг
- Детали
- петок, 31 јули 2020
Разговараме со Ангела Димоска, менаџер за продажба во онлајн продавницата Akcija.com.mk, која отворено зборува за секојдневните предизвици во работата, како се справуваат со нив и открива по некоја анегдота.
Кои се Akcija.com.mk?
Ангела: Akcija.com.mk е онлајн продавница која се темели на идејата за беспрекорна услуга, потоа безбедно и едноставно купување, секако приоритет ни е и широкиот избор на производи и брза, едноставна и љубезна достава.
Имаме одлична синхронизирана екипа од амбициозни луѓе кои веруваат во овој проект и сакаат секојдневно да остваруваат нови успеси. Приоритет ни е да владее добра работна атмосфера и тимски да одиме кон искачување на нови скалила.
По што се разликува Акција од останатите онлајн продавници?
Ангела: Генерално тоа што продажбите ни се темелат на акции, креираме комбинации од производи што ги планираме според потребите на луѓето и пред се, се фокусираме на тоа да им ги понудиме најдобрите цени на нашите потрошувачи.
Понекогаш ни се јавуваат купувачите во Call Центарот со неверување и сакаат да се уверат на телефон дека навистина е таа цена за одреден комплет :)
Сме имале прашања од типот дали производот е втора рака, што секако дека не е, сите производи се внимателно одбрани и мора да го задоволуваат нашиот критериум на квалитет.
Исто така посебно сме горди на нашиот бренд МОНАКО-МЕБЕЛ кој го има само на Akcija.com.mk, и е првиот мебел во Македонија од типот “склопи сам” систем кој е од македонско производство.
Мебелот се калеми од идеја, внимателно селектирање на материјали, дизајн, производство, графички приказ, видео-упатства на скоро сите производи наменети за полесно склопување на производите, па се до пакување и безбедна достава.
Велите имате Call Центар, со што се се справуваат во еден обичен ден?
Ангела: Најголемиот Фокус ни е во клиентите, Call Центарот можеби ја имаат најтешката задача бидејќи во еден ден се во контакт со многу луѓе кои имаат најразлични прашања за производите, за доставата, некои прашуваат дали ќе можат да заменат доколку не им одговара производот, а ние сме тука да ги разбереме, да ги сослушаме и да им понудиме решение, да одговориме најпрофесионално на сите нивни побарувања.
Секогаш асистираме во ситуации доколку сакаат да нарачаат од веб страната, помагаме телефонски доколку заглават при склопување на некое парче мебел нарачано од нашиот бренд Монако-мебел, им помагаме доколку имаат потреба да го направат првото кафе од новиот кафемат што си го купиле од кај нас и уште многу многу други ситуации.
Пред се, кога ќе се јавите кај нас за било каква потреба ќе Ви се јави љубезен глас, без разлика кој е на смена, потоа ќе Ве ислуша трпеливо и ќе направат се што е во нивна моќ да бидете задоволен како потрошувач. Верувајте дека буквално секој клиент поединечно ни е битен безразлика што и колку нарачал. Мислам дека тука се разликуваме од сите други, се бориме за секој купувач да има насмевка на лицето после секоја нарачка.
Спомнавте замена на производи, зошто заменуваат луѓето?
Ангела: Реално не се случува често да се заменуваат производи бидејќи претходно ние веќе го имаме претставено и опишано производот до детаљ, но понекогаш едноставно купувачот не пресметал димензии дома, или не го погодил подарокот за некого и тогаш секако доколку производот не е оштетен и е во оригинално пакување правиме или замена за друг производ или ги рефундираме средствата 100%.
На што најмногу внимавате?
Ангела: Внимаваме на сите процеси одделно, од внимателно селектирање на производите за продажба, до нивно презентирање на социјалните мрежи, пакување и испорака.
Доста внимание посветуваме на проверка на производите пред да се пакуваат и секој производ посебно се проверува дали е оштетен или има некаква маана.
Дополнително снимаме и видео презентации на тестирање на производите, воедно и го објаснуваме нивното функционирање или склопување доколку станува збор за мебелот.
Исто така се фокусираме и на брзата и ефикасна достава, многу ни е битно кога и како ќе им стигнат производите на купувачите.
Кога ќе сумираме, најмногу внимаваме на тоа купувачот да биде задоволен на крајот.
Можете ли да издвоите некоја интересна случка од работното секојдневие?
Ангела: Баш пред некое време снимавме промотивно видео со сет перници, јоргани и постелнини и идејата беше како презентерот ги најавува производите така од страна буквално да го гаѓаме со продуктите. Рекламата испадна одлично и на крај имаше многу позитивни реакции од купувачите, но проблем беше што моравме да ја преснимуваме 40тина пати затоа што неможеше никој да се воздржи од смеење и малце го “тепавме” колегата. На крај ни рече дека ќе не тужи за мобинг, се разбира на шега, ама во секој случај напомена дека со мебел таква реклама нема шанси да снимаме :)
Кои се Вашите планови за во иднина?
Ангела: Моментално работиме на проширување на програмата на МОНАКО - МЕБЕЛ, нешто што го чуваме како изненадување, а ќе почне да се реализира од средината на август и ќе имаме доста нови и свежи идеи во тој правец.
Исто така почнува да се реализира детскиот сектор каде ќе има навистина интересни акции и сетови на школкси прибор, ранци, бироа, лаптопи и слично, но тука ќе додадеме и бебешка програма така што прилично ќе бидеме примамливи за родителите.
Ова се само дел од проектите во блиска иднина, работиме и на нови олеснувања при онлајн шопингувањето, но секако засега ќе ги држиме во тајност :)
За крај, што ќе им препорачате на нашите читатели?
Ангела: Ќе им препорачам да продолжат да Ве читаат, а нас да не следат секојдневно, но ќе им ветиме дека ќе продолжиме со неверојатните акции, затоа што ние сме Вашиот ПРВ ИЗБОР!