Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Состојба до 20.06.2020: Потврдени се 185 новозаболени и дури 11 починати

Бројот на новозаболени и починати за жал не се намалува... Денешната состојба во продолжение.

sostojba-do-20-06-2020-potvrdeni-se-185-novozaboleni-i-duri-11-pochinati-01.jpg

Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 96
- Куманово 2
- Дебар 18
- Штип 4
- Прилеп 1
- Тетово 14
- Струга 20
- Велес 2
- Битола 2
- Охрид 7
- Кавадарци 2
- Гостивар 2
- Крива Паланка 1
- Пробиштип 1
- Свети Николе 2
- Кичево 3
- Ресен 8

Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починаа осум лица-пациент (53г) примен на 17 јуни, пациент (66г) примен на 5 јуни, пациент (67г) примен на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 10 јуни, пациентка (73г) примена на 9 јуни, пациент (62г) хоспитализиран на 15 јуни, пациентка (65г) примена на 13 јуни и пациент на (76г).

Во ОБ Куманово почина пациент (78г) хоспитализиран на 12 јуни. Во КБ Штип почина пациент (63г) примен на 18 јуни, во Тетово почина пациентка (62г), потврдена позитивна на 17 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент.

- Скопје 29
- Куманово 1
- Штип 4
- Тетово 2
- Велес 4
- Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 50.384 тестирања на ковид-19. Во рамките на скринингот се направени 77 теста во градинки во Штип и нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.

sostojba do 20 06 2020 potvrdeni se 185 novozaboleni i duri 11 pochinati 01 copy copy

Би можело да ве интересира:

Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Видео што ги топи срцата: Внуката на починатиот актер Бранко Ѓорчев пее песна од Дац и Александар на... Скоро 16 месеци откако во Драмски театар во Скопје одржаа концерт за Денот на же...
Македонката Пулексенија Јовановска руши предрасуди – гордо позира на плажа и го покажа витилигото на... Нашата позната каратистка Пуликсенија Јовановска гордо позира на море и за првпа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg