Новата генерација Цедевита носи подобрено искуство на уживање во омиленото освежување
- Детали
- петок, 19 јуни 2020
Во текот на 50 години популарност, Цедевита се истакна како иноватор во поглед на пакувањето, лансирајќи бројни новитети кои од година во година ги воодушевуваше потрошувачите.
Следејќи ги трендовите во индустријата, строгите еколошки побарувања и слушајќи ги потребите на потрошувачите, експертите на Цедевита интензивно работеа на изготвување на иновативно решение за консумација во движење, а кое од неодамна може да се види на полиците во продавниците!
Нов единствен механизам за отворање: извади, притисни, протреси
Потребата за дополнително усовршување на шишето се вклопува во неговото модернизирање, со што се подобрува целокупниот изглед, но се зголемува и практичноста на пакувањето. Новата амбалажа може да се пофали со единствен механизам за отворање кој со придвижување на заштитната лента и стискање на капачето надолу, овозможува производот да се активира и нуди целосна функционалност на 9 витамини во рамките на свежо подготвениот производ. Секој сегмент на производот е внимателно дизајниран за да им го олесни консумирањето на потрошувачите, без оглед каде се наоѓаат.
Намален амбалажниот отпад за 180 тони
Со ова ново пакување, Цедевита направи чекор напред кон зачувување на животната средина и развој на одржливи и еколошки прифатливи решенија. Исто така, новото пакување на Цедевита ќе го намали амбалажниот отпад за 180 тони, а јаглеродниот отпечаток ќе ги намали емисиите на СО2 за 269 тони годишно.