Рано е за попуштање мерки - Министерство за здравство препорачува сите мерки да останат на сила
- Детали
- сабота, 09 мај 2020
Денес беше одржан состанок на Комисијата за заразни болести, на кој е одлучено да се препорача до Владата да нема прерано попуштање мерки и истите да останат уште на сила.
фото: depositphotos.com
Денес бројот на новозаразени повторно беше поголем од очекуваното, а трендот на нови случаи ќе биде разгледуван и викендов, па во понеделник ќе бидат дадени нови препораки.
Прочитајте го соопштението од Министерство за здравство:
Министерството за здравство информира дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанокот на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила.
Трендот на нови случаи со КОВИД-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.
Министерството за здравство апелира до граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку 2 метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот помеѓу граѓаните е помал од пропишаното.
Би можело да ве интересира:





