Состојба до 15.04.2020: Во земјава има нови 66 заболени и уште 12 оздравени пациенти
- Детали
- среда, 15 април 2020
Министерот го објави најновото соопштение за состојбата на корона вирус во земјава - детално во продолжение...
Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19.
По градови:
- Скопје-10
- Куманово-27
- Штип-3
- Прилеп-4
- Тетово-5
- Струга-4
- Велес-2
- Охрид-5
- Гостивар-1
- Кочани-3
- Неготино-2
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица. Во изминатото деноноќие направени се 500 теста.
За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.
Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.
Би можело да ве интересира:





