Фотки од читатели: Празно и снежно Крушево во пролетно издание за време на изолација
- Детали
- понеделник, 06 април 2020
Крушевчани од удобноста на своите домови уживаа во глетката од снежниот град среде пролет - читателка ни испрати фотки направени во изминатите денови.
Снегот во Скопје на почетокот на април дефинитивно беше изненадување, но за многумина и убава глетка. Покрај Скопје, и другите градови беа покриени со снежна покривка, а едно од најубавите места со снег е секако Крушево.
Во период на домашна изолација, сите се трудат да останат што е можно подолго во домовите за да се заштитат, а улиците низ градовите остануваат празни.
Сепак, глетката на снежно Крушево е прекрасна, а Марта Кузманоска ни испрати фотки направени во изминатите неколку денови.
Крушево под снежна покривка во пролет:
М. М. | Црнобело