Втор дел на Баскет 3x3 бизнис: Екипите се сѐ подобри!
- Детали
- четврток, 05 март 2020
Со добрата игра и напредокот, време беше за искачување на Баскет 3x3 бизнис едно ниво погоре во организацијата. Заврши првиот дел од Баскет 3x3 бизнис со тоа што се одиграа 19 кола, за оваа недела да се игра во новиот втор дел под организација на Спортплан.
Од оваа недела се игра во две групи, односно екипите се поделени на групата парни броеви на досегашниот ранг на листата, и на оние екипи кои биле непарни броеви на ранг листата.
Новите правила налагаат по завршувањето на овие натпревари да се игра плеј оф. По завршување на плеј оф-от според организацијата, предвидено е да се игра финале со 4-те најдобри екипи коишто се пласирале на ранг листата.
За играч на месецот е прогласен Борис Борисовски од екипата на компанијата SolutionAde.
Во вториот дел од Бизнис3x3Баскет екипите се во сѐ подобра физичка кондиција и постигнуваат сѐ поголеми резултати.
Проследете ги листите со рангирање на екипите во прилог:
Секој натпревар завршува со пораз или со победа на кошаркарите, но најважното од сѐ е што натпреварувачите од Баскет 3x3 бизнис носат секој со себе по неколку пријателства надвор од салата и се кондициски многу поподготвени.
За да се пријавите и вие во оваа тимска синхронизација, посетете ја веб страницатa www.biznisbasket.mk.