Иновативните производи на Виталиа претставени на најголемиот саем за кондиторски производи – ISM, Келн

Македонската компанија Виталиа по 6ти пат успешно се претстави на најголемиот саем за кондиторија – ISM, Келн.

inovativnite-proizvodi-na-vitalija-pretstaveni-na-najgolemiot-saem-za-konditorski-proizvodi-01.jpg

Виталиа го прошири своето портфолио со новите производи Keto truffles и Protein Cookie, преку кои допре до глобална публика и ги искористи четирите саемски дена за отворање на нови перспективи и наоѓање на нови потенцијални пазари.

Саемот ISM во Келн претставува собир на сите меѓународни релевантни учесници на пазарот од кондиторската индустрија и со тоа ја докажува својата најголема функција како најважниот деловен центар, стимулатор на извозот и платформа за иновација. Во текот на четири саемски дена (02-05.02), учесниците разменуваа искуства, мислења и знаења со цел да го подобрат производството, да најдат нова инспирација, да ја прошират својата мрежа и да ги претстават своите иновации пред 37 000 трговски посетители од 148 земји кои присуствуваа на саемот.

inovativnite-proizvodi-na-vitalija-pretstaveni-na-najgolemiot-saem-za-konditorski-proizvodi-02.jpg

Виталиа се претстави со два нови производи – Keto truffles и Protein Cookie, кои веднаш станаа тема на дискусија кај присутните. Станува збор за  слатки производи со иновативна рецептура базирани на трендот за производи со природни состојки, намалени шеќери и јаглехидрати и високо количество на протеини. Особено наменети за динамичните секојдневни активности и за модерните потрошувачи кои водат активен и брз животен стил, а воедно сакаат да се хранат здраво.

Keto pralines се неверојатно вкусни, но и здрави колачиња со темно чоколадо, путер од кикиритки и крцкави јаткасти плодови, кои содржат минимално ниво на јаглехидрати и шеќери, а се богат извор на протеин, што ги прави совршени за брза и слатка ужина во текот на напорниот ден. Protein Cookie, пак, е десерт идеален за луѓето кои вежбаат и водат активен живот. Високото ниво на протеин, а ниското ниво на шеќери овозможуваат природна регенерација на мускулите и даваат енергија, без притоа да се грижите за калориите кои ги внесувате.

inovativnite-proizvodi-na-vitalija-pretstaveni-na-najgolemiot-saem-za-konditorski-proizvodi-03.jpg

Следејќи ги светските нутритивни трендови, Виталиа е постојано во тек со она што му е потребно на модерниот потрошувач. Во време кога здравата храна преовладува во потрошувачката кошничка, а истовремено се преферира таа да се консумира брзо, лесно и на „на нога“, Виталиа успева да најде одговор и да ги претвори овие детални преференци во нивна предност – креирајки производи кои се издвојуваат од конкуренцијата, што претставува и клучен дел од бренд стратегијата на оваа компанија.

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg