Халкбанк ги поддржува македонските ракометари на Европското првенство
- Детали
- четврток, 09 јануари 2020
Халкбанк ја поддржува македонската ракометна репрезентација на претстојното Европско првенство во ракомет 2020.
Како банка што целиот свој фокус на работа го насочува кон граѓаните, ја препознава вредноста на македонскиот ракомет и тука е да даде поддршка. Вредностите за посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа се дел од македонската репрезентација. Вредности во коишто верува и Халкбанк.
Поддршката на Халкбанк започна во 2018 година и оттогаш континуирано ги поддржува македонските машки и женски ракометни репрезентации во нивните натпреварувања и спортски успеси.
Европското првенство 2020 започнува на 9ти јануари и годинава се игра во Австрија, Норвешка и Шведска. Македонските ракометари својот прв натпревар ќе го играат со Украина на 10ти јануари (петок) со почеток во 20:30 часот.
Халкбанк повикува сите заедно да им дадат поддршка на репрезентативците и да ги бодрат на претстојните натпревари!