Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!

Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите најголемата спортска распродажба од 15ти до 24ти ноември

nevideno-niski-ceni-na-sport-vision-bazaar-01.jpg

Во ноември нѐ очекува најголемата спортска распродажба видена до сега во Македонија - Sport Vision Bazaar. Распродажбата е организирана од страна на компанијата Sport Vision под мотото #СпортизирајСе со невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar од 15ти до 24ти ноември 2019 во спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Најавена е супер богата понуда со голем избор на спортска облека, опрема и обувки за сечиј вкус и лавина од спортски попусти.

Инаку, компанијата Sport Vision во Македонија е присутна веќе 8 години и полека но сигурно прерасна во препознатлив бренд кој успеа да се поврзе со потрошувачите како со достапните цени, така и со квалитетот и асортиманот на колекции и брендови во својата понуда кои го одразуваат личниот стил и карактер. Sport Vision е партнер на водечките светски брендови како Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Timberland, Converse и други, како и лиценциран партнер за производство и дистрибуција на реномираните спортски брендови Champion, Umbro, Lotto, Ellesse, Lonsdale и други.

Од Sport Vision најавуваат дека она што ќе можеме да го видиме во Расадник во наредните 10 дена е нешто многу повеќе од обична распродажба и дека ќе ги надмине сите наши очекувања. Ќе бидат понудени сите можни категории на облека и обувки: зимски-летни, машки-женски, детски, за фудбал, за трчање и тренинг, итн. по цени кои досега не се видени во нашата земја. Освен неверојатните попусти, предвидени се и одлични изненадувања и подароци за најсреќните купувачи. Секој ден ќе се подарува по еден велосипед, еден комплет тренерки+патики+јакна и еден утешен сет ранец+пешкир, додека на крајот на Sport Vision Bazaar на 24.11 компанијата на најсреќниот меѓу најсреќните ќе му додели ваучер за патување за двајца.

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Адријан Гаџа е пример како се сака и цени мајка: „Среќен роденден моја Супер Мајко“ Тој постојано ја нарекува мајка си „супер мајка“, па така беше и годинава на неј...
Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24? Сашко Коцев по една година се врати на сцената на „Бубамара“ и откри се сликал з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg