Охридска банка предупредува за фишинг напади и злоупотреба на лични податоци од непознати сторители
- Детали
- среда, 06 ноември 2019
Охридска банка ја известува јавноста дека непознати сторители, злоупотребувајќи го идентитетот на Банката преку лажно претставување, денес се обидуваат да извлечат лични податоци на клиенти на Банката и на општата јавност.
Забележани се два вида на напади. Во првиот случај на фишинг напад, непознат праќач од лажна меил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. праќа известување за добиена дознака од странство со прикачен .rar документ, којашто не е фицијална меил адреса за комуникација на Банката. Во вториот случај, лажна Фејсбук страница именувана „Охридска банка“ повика на учество во наводна наградна игра и контактира Фејсбук корисници да достават слика од лична карта, рој на трансакциска сметка и слика на бела позадина.
Охридска банка потенцира дека нема никаква поврзаност со наведените меил адреси и лажната Фејсбук страница и дека не организира наградна игра. Банката апелира до сите клиенти, како и општата јавност, со крајно внимание да ги потребува и доставува за обработка, личните податоци, особено во последниот период кога се зачестени обиди за крадење на лични податоци со лажно претставување во име на засегнати страни. Банката препорачува да се следат асоките на Дирекцијата за заштита на лични податоци за вакви ситуации и известува дека веќе го пријави овој случај во компанијата Фејсбук, како и во Министерството за внатрешни работи.
Официјалните канали за комуникација на Банката се објавени на веб-страницата www.ohridskabanka.mk, вклучувајќи го телефонскиот број на Контакт центарот 02 15 050 и официјалните профили на Банката на социјалните мрежи.