Clear View Бизнис Тренинг Центар доделува две целосни стипендии за HR Академија во вредност од 1.600 евра
- Детали
- вторник, 24 септември 2019
Повикот за стипендии за есенската генерација за 2019/20 година за HR Академијата е отворен. Доделуваме две целосни стипендии во вредност од 1.600 евра и две делумни стипендии во вредност од 800 евра.
Стипендиите се однесуваат на предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од октомври 2019 до јуни 2020 година.
Како да аплицирам?
- Побарајте ја апликацијата за стипендија на меилот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и пополнетата апликација за стипендија заедно со Вашето CV пратете ја најдоцна до 27 септември.
Aкадемијата е подготвена од HR професионалци за следните генерации на HR лидери! Искористете ја оваа можност и станете дел од десетата генерација. Тимот на предавачи е составен од експерти во различни области на HR. Тие се HR менаџери кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носи оваа професија.
Детали за стипендиите и академијата ќе најдете на официјалниот сајт.
За сите дополнителни информации обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и 077 579 118.