Бимилк им посака среќен и успешен почеток на учебната година на децата во социјален ризик

 Традицијата на подарување мали изненадувања со кои на учениците ќе им се посака успешен почеток на учебната година, Бимилк ја продолжи и оваа година, но овој пат беа опфатени деца што доаѓаат од семејства во социјален ризик и деца што ја загубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.

bimilk-im-posaka-srekjen-i-uspeshen-pochetok-na-uchebnata-godina-na-decata-vo-socijalen-rizik-01.jpg

Како и минатите години, Бимилк ги изненади децата со омиленото чоколадно млеко „Моја Кравица“ за „сладок“ почеток на училишната година, но овој пат и со училишни ранци како симболична солидарна помош, а во акцијата оваа година не беа вклучени само првачиња, туку и повеќе од 500 ученици од основно училиште, кои се од социјално ранливите категории.

bimilk-im-posaka-srekjen-i-uspeshen-pochetok-na-uchebnata-godina-na-decata-vo-socijalen-rizik-02.jpg

„Како компанија, континуирано им помагаме и им даваме поддршка на граѓанските хуманитарни организации во земјава, па така, со оваа наша акција одлучивме традицијата за сладок почеток на училишната година да ја продолжиме и со учениците што доаѓаат од семејства во социјален ризик. Истовремено, сакаме да ги охрабриме да продолжат храбро и решително по патот на својата образовна надградба. Се надеваме дека со ова мало внимание ќе успееме да ги разубавиме нивните училишни денови. Дополнително, сакаме да им дадеме поддршка на пожртвуваните едукатори и згрижувачи во организациите, кои им помагаат на овие деца да се справат со секојдневните предизвици“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

bimilk-im-posaka-srekjen-i-uspeshen-pochetok-na-uchebnata-godina-na-decata-vo-socijalen-rizik-03.jpg

Во оваа акција беа вклучени децата згрижени од повеќе граѓански организации, односно Дневниот центар за деца на улица „Шуто Оризари“, СОС Детско село, Центарот за интеграција „Амбрела“, Центарот за образовна поддршка „Дендо вас“, Центарот за социјална интеграција „Надеж“ и Здружението за развој на ромската заедница во Република Македонија „СУМНАЛ“.

bimilk-im-posaka-srekjen-i-uspeshen-pochetok-na-uchebnata-godina-na-decata-vo-socijalen-rizik-05.jpg

„Со оваа донација, Бимилк ги израдува децата и им прати една убава порака и мотив да продолжат со своето образование. Се надеваме дека со ова ќе ги мотивираат и другите компании да покажат општествена одговорност кон едукативните центри каков што е нашиот, кои им помагаат на децата да останат во образовниот процес. Нашата желба е бизнис-секторот да ја увиди важноста за обезбедување еднаков пристап до образование и заедно со едукативните центри да им овозможи директна помош на децата што имаат потреба од тоа“, изјави Катерина Смилева, координатор за односи со јавноста на Ц.С.И. „Надеж“.

bimilk-im-posaka-srekjen-i-uspeshen-pochetok-na-uchebnata-godina-na-decata-vo-socijalen-rizik-06.jpg

Инаку, оваа акција за сладок почеток на учебната година со „Моја Кравица“ е започната во 2017 година кога компанијата посетуваше повеќе основни училишта низ земјата, а од Бимилк велат дека „слатката“ традиција за првачињата, и за учениците воопшто, ќе продолжи и понатаму.

bimilk-im-posaka-srekjen-i-uspeshen-pochetok-na-uchebnata-godina-na-decata-vo-socijalen-rizik-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Учениците од ООУ: „Јохан Хајнрих - Песталоци“ го посетија центарот за селекција на отпадот Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската о...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg