Гласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата

Македонски Телеком своето традиционално и долгогодишно партнерство со „Охридско лето”, една од најголемите и најважни културни манифестации во земјава, оваа година го збогати со нов иновативен музички проект насловен како „Гласот на Охридското Езеро”.

glasot-na-ohridsko-leto-proekt-sto-gi-obedinuva-tehnologijata-muzikata-i-prirodata-01.png

Проектот ги обединува технологијата, музиката и природата и е во чекор со заложбите на компанијата за користење на технологијата за добро, со намера да нѐ поттикне да се фокусираме на позитивните страни што ги носи технологијата, и за нејзино искористување за добри цели.

Во тој контекст, остварена е соработка со еден од најиновативните музички композитори во земјава, Џијан Емин, кој благодарение на неограничените можности на технологијата, успеа да ги сними звуците на Охридското Езеро. Станува збор за несекојдневен музички проект преку кој во реално време ќе може да се слушне Охридското Езеро, со сите негови специфичности и посебности,доловено преку посебната музика креирана од Џијан.

glasot-na-ohridsko-leto-proekt-sto-gi-obedinuva-tehnologijata-muzikata-i-prirodata-02.png

За неколку дена и официјално ќе биде функционална интернет страницата, каде што секој заинтересиран во живо ќе може да слушне какви звуци има езерото во длабочина, во различни временски услови (променливо, облачно или во сончеви периоди),.. каков е гласот на Охридското Езеро во туристички пикови и метеж на градските плажи, или колку е мирно и идилично во раните утрински часови.

Станува збор за уникатен музички проект, кој има за цел да нѐ потсети на убавините на Охридското Езеро, на неговото непроценливо значење и вредност, и исклучителната важност за негово зачувување. 

Видеото можете да го погледнете во продолжение:

Македонски Телеком со оваа активност ја пренесува пораката дека технологијата можеме да ја користиме за навистина корисни и пред сè значајни работи за граѓаните, но и за целото општество, а со овој проект нè поттикнува да станеме свесни за вредноста на нашите природни и културни богатства кои треба да ги зачуваме за генерациите што доаѓаат.

glasot-na-ohridsko-leto-proekt-sto-gi-obedinuva-tehnologijata-muzikata-i-prirodata-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Музички времеплов со Дац и Александар: Се потсетија на „Бушава азбука“ и хитовите на Митевски од пре... „Музички времеплов низ спомените. Убави времиња“, велат Дац и Александар, кои сп...
И годинава украсена подводната елка во Охридското Езеро – нуркачите ја посветија на дечињата со ретк... Традиционално, и годинава нуркачките од центарот Амфора накитија елка во водите ...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg