Интервју со Амернис Нокшиќи - Јовановска: Го сакам филмот, но подраг ми е театарот

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-06.jpg

Дел си од многу тв проекти, филмови, театарски претстави. Во кој од овие типови на уметнички израз најмногу се пронаоѓаш?

Го сакам филмот, но подрага ми е театарската уметност. Театарската уметност дава можност да го надоградуваш ликот со секое играње, нема запирање. Ја сакам театарската уметност бидејќи се случуваат постојано многу непредвидени ситуации.

На една театарска претстава работи цела плејада од уметници. Сите работите заедно како целина како тим. Во која од претставите досега на кои си работела си ја чуствувала таа сплотена, позитивна, еуфоричност најмногу.

Во мојата професија не е возможно да нема тимска работа. Не може, а да не сме сплотени. Во секоја од претставите што досега сум ги играла сум се посветувала максимално. Без разлика дали се големи или мали. Таа тимска работа функционира. Сите работиме за претставата. Но, секогаш има и актери кои понекогаш го бојкотираат проектот или немаат верба во него па, па тогаш станува потешко. Колку повеќе работиме тимски толку повеќе претставата добива на квалитет.

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-01.jpg

Препорачај ни претстава која мора да ја изгледаме.

Последно нешто кое сум го гледала, а ми оставило впечаток е ,,Венера во крзно” во режија на Ивана Ангеловска. Играат двајца мои драги колеги Ивана Павлаковиќ и Благој Веселинов. На сите оние кои ја немаат гледано им препорачувам од срце да ја гледаат од септември. Нема да ве остави рамнодушни.

Дали танцот или глумата е твојата прва љубов? Што значи за тебе танцот? Со каков друг тип на уметност би се бавела? Дали гледаш на модата како вид на уметнички израз?

Првенствено балетот беше моја прва љубов но, како поминуваше времето љубовта кон глумата растеше се повеќе. За мене танцот е слободно изразување на чувства без одреден текст, кога танцуваш чувствуваш слобода и љубов.

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-02.jpg

Беше дел од мини телвизиската серија “На терапија”. Како дојде до таа соработка? Дали сметаш дека кај нас се потребни повеќе вакви проекти? На што те научи ова искуство?

Да бев во кастот за “ На терапија “, како и досегашните ангажмани за филм или серија треба да се помине фазата на кастинг”. Поминав успешно и станав дел од проектот. Имав прекрасно искуство со сите колеги, морам да признаам беше тешко и напорно. Овој тип на серија е многу захтевен проект за еден актер. Сиот арсенал треба да се искористи со цел да се добие посакуван резултат. Сметам дека нам ни требаат повеќе серии од овој тип бидејќи отвараат прашања на кои мнозинството не се подготовени да разговараат.

Беше дел од  екипа “Петко” и албанската “Miri nikochiri” , кажи ни како дојде до тоа да се вклучиш во овој проект? Кажи нешто повеќе за искуството да работиш зад сценатаа?

Во проектот се вклучив по иницијатива на мојата драга колешка  Билјана Драгичевич Пројковска. Работев како coach dialog. Да се работи зад сцената е многу интересно, се изгледа многу поинаку. Не е лесно да се справиш со глумцуте. Треба да се има поединечен пристап со секого за да се добие посакуваниот резултат.

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-03.jpg

Која ти е најдрага улога од оние од почетоците? Дали сметаш дека те менуваат улогите кои ги играш?

Најдрага улога од моите почетоци е преставата ‘’Татко”- Стрингберг во режија на Слободан Унковски. Одлично искуство, одличен каст и одличен режисер. Не сметам дека улогите ме менуваат туку понекогаш ме надополнуваат.

Си работела на неколку проекти на Косово, дали подготвуваш нов проект во странство? Дали постои разлика во професионалноста и уметничкиот израз кога се работи дома и во странство?

Во моментов сум фокузирана повеќе на нашиот пазар. Уметничкиот израз во странство или дома е ист. Нема разлика.

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-04.jpg

Од што се плашиш, приватно и професионално?

Сите имаме стравови. Професионално најголем страв ми е да не го изгубам гласот, алатка без која не се може.

Што е она што ти дава сила да продолжиш без разлика на се?

Љубовта кон мојата професија е мојот професионален двигател.

Што ти дава самодоверба?

Како навлегов во 40тите работите некако се сменија. Знам што сакам, а што не. Искуство.

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-05.jpg

Смеењето е дефинитивно најдобриот лек. Што те смее?

Ме смеат ведри луѓе и се трудам што повеќе да бидам опкружена со овој тип на луѓе.

Што е за тебе следно професионално?

Во август започнуваме со подготовки за нова претстава за отварањето на Албански театар.

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-08.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-09.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-10.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-11.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-12.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-13.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-14.jpg

intervju-so-amernic-nokshikji-jovanovska-go-sakam-filmot-no-podrag-mi-e-teatarot-15.jpg

Би можело да ве интересира:

Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg