Будва, бисерот на Јадранот една од најпопуларните летни дестинации оваа година!

Пристигна летниот одмор! По долгите денови поминати на работа или училиште, конечно пристигнаа денови за опуштање и забава. Одморот е важен бидејќи на него се зајакнува чувството на семејна припадност и се зголемува блискоста и поврзаноста помеѓу членовите на семејството.

budva-biserot-na-jadranot-edna-od-najpopularnite-letni-destinacii-ovaa-godina-01.jpg

Изборот за каде да се помине летниот одмор не е лесен! Зошто оваа година да немаме одмор кој ќе остане засекогаш во нашите сеќавања? Токму Будва и Будванската ривиера нуди неодоливи можности, што последниве години ја прави една од најпопуларните туристички дестинации во Европа.

budva-biserot-na-jadranot-edna-od-najpopularnite-letni-destinacii-ovaa-godina-02.jpg

Медитеранскиот брег, познат по убавите песочни плажи, средновековниот дух и архитектура и мирис на Јадранското море, целосно се чувствуваат во овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: таа е една од најстарите населби на Јадранското море, стара повеќе од 2500 години. Сместена е на мало полуострово, заштитена со дел од црните Црногорски планини.

Будва е бисер на Јадранот и центар на медитеранскиот туризам. Таа е место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан...) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.

budva-biserot-na-jadranot-edna-od-najpopularnite-letni-destinacii-ovaa-godina-03.jpg

За поактивен ден на плажа, Будванската ривиера нуди широк спектар на активности како: нуркање, скијање на вода, истражување на бреговите со брод, прекрасна храна и многу повеќе.

Повеќе на https://budva.travel/

budva-biserot-na-jadranot-edna-od-najpopularnite-letni-destinacii-ovaa-godina-02.jpg-04.jpg

Би можело да ве интересира:

„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија,...
Познати македонски татковци кои уживаа на летување со децата (фото) Перо Антиќ ги одведе синовите во Анталија, откако претходно летуваа и во Грција,...
Прегратки во базен, забава на плажа: Нови фотки од одморот на Тамара со Лука и децата во Грција Авантура во автомобил, семејни прегратки во базен, уживање на душек во море и оп...
„Цел на тато“ - Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски уживаат на одмор со синот Пејачката за време на одморот внимава на секој чекор на синот, а нејзиниот сопру...
Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ со добротворна инцијатива: „Да испратиме 15 семејства на од... Ви се обраќаме во името на здружението на граѓани „КУЌА НА СРЕЌАТА“, со надеж де...
Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларн... „Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg