Жито Лукс XL натпревар во готвење – приготвување најбрз XL сендвич
- Детали
- четврток, 06 јуни 2019
Од неодамна на пазарот се појавија новите XL лебови на парчиња, белиот и ‘ржаниот. Компанијата Жито Лукс секогаш се стреми на своите потрошувачи да им понуди повеќе отколку што очекуваат. За да може потрошувачите да се запознаат со подобрените карактеристики кои ги имаат овие лебови, се организираше и првиот „XL натпревар во готвење“.
Кој подобро ќе успее да ги претстави новите XL парчиња, Софка, Теа, Фичо или Цуклев, се натпреваруваа најдобрите во својот занает! Софија на јавноста ѝ е позната како шеф и менаџер на ресторан, Теа е лицето кое се крие зад блогот „Готвиме со Теа“, додека Фичо е ѕвездата на блогот „Готвиме со Фичо“, а познатиот инстаграмџија Цуклев, победникот на оваа категорија, е ентузијаст за готвење кој преферира вегетаријанска храна и тоа се забележува во неговиот рецепт за XL сендвич. Натпреварувачите со своето знаење и креативност ги претставија своите најдобри сендвичи, кои беа оценувани во 4 категории и тоа брзина, вкус, стабилност и висина.
Првото место во категоријата брзина, со рекордни 38 секунди го освои Цуклев, втора беше Софка, трета Теа и четврт Фичо. Сите четворица готвачи ставија свој личен печат на сендвичите преку избраните состојки и нивното комбинирање. Цуклев се одлучи за посвежа варијанта на сендвич. Го избра XL лебот со ‘ржано брашно, свежа краставица, јајце, авокадо, лимон, печен сусам, магдонос, копар, сол и црн пипер. Комбинирајќи го авокадото, со сок од лимон и печен сусам тој подготви намаз со кој беа премачкани XL парчињата леб, врз што подоцна го додаде вареното јајце и парчиња тенко исечкана краставица и свежиот копар и магдонос.
XL лебот на парчиња навистина оди со сè! Избери ги твоите омилени состојки за сендвич и уживај уште повеќе.