Макпрогрес прогласена за „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“

Синоќа за првпат се одржа свеченото доделување на наградите „Целите за одржлив развој 2019“ каде македонската лидерска прехрамбена компанија „Макпрогрес“ се закити со наградата „Компанија предводник на Целите за одржлив развој 2019“. Наградата беше доделена за време на свечената церемонија која се одржа во Македонската филхармонија од страна на вицепремиерот задолжен за економски прашања во владата, г. Кочо Анѓушев.

makprogres-proglasena-za-kompanija-predvodnik-na-celite-za-odrzliv-razvoj-2019-001.jpg

Оваа награда  и припадна на Макпрогрес врз основа на три веќе реализирани проекти во текот на изминатата 2018 година и тоа: поставување на сончеви панели со помош на кои оваа комапнија започна да користи обновливи извори на енергија во процесот на производството. Па така компанијата оваа година планира да користи околу 30% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија произведена директно од сонцето. Потоа тука е и донацијата на производи од нивната широка палета на децата од СОС Детско Село со што докажаа дека се вистински пријатели со срце. Истакнат беше и проектот за професионално насочување, можности за стипендирање, привремено и трајно вработување на матуранти.

„Оваа награда за одржливост за нас е од огромно значење и претставува потврда за напорите да ги промовираме инспиративните иницијативи на Макпрогрес кои нудат конкретни решенија и можности за постигнување на целите на одржливиот развој. Ние целиме кон задоволување на потребите на денешните генерации, без да се загрози способноста, потенцијалот и потребите на идните генерации. Нашата програма за одржлив развој вклучува сеопфатен пристап во кој економските, социјалните и еколошките аспекти се споени во една целина. Уште еднаш благодарност за довербата која ни е укажана со оваа награда. Таа за нас е уште поголем мотив да продолижиме во оваа насока“, изјави г. Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес.

На настанот поздравни говори до присутните одржаа: г. Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија и г. Бенџамин Перкс,  вршител на должност Постојан коодинатор на ООН во земјава.

Настанот е во организација на здружението на граѓани од Македонија “Конект“, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Би можело да ве интересира:

Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од... На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скоп...
Македонската двојничка на Кајли Џенер: Тијана е природна убавица со неверојатно тенок струк (фото) Македонија има убавица од светски ранг, која нè прави горди пред светот. Таа со ...
Деца генијалци на Јуниорска Олимпијада и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израдуваа минат... Виртуозот на пијано, Симон Трпчески повторно нè направи горди по позитивните реа...
Тони Зен со семејството во Италија, Катарина ужива со ќерката на Охридско Езеро: Што прават македонс... Поп-дивата Калиопи одржа концерт за паметење во Охрид, а во празничниот илинденс...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Македонската Барби ужива на море во Италија - модно усогласена со жолтите лимони на Позитано Македонската Барби се фотографираше модно усогласена со местото каде што замина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg