Рутикс – комплетно софтверско решение за транспортните компании

Македонската компанија за развој на софтверски продукти Интертек разви уникатен софтвер за транспортните компании.

rutiks-kompletno-softversko-resenie-za-transportnite-kompanii-01.jpg

Македонски софтвер кој се бори на глобалниот пазар

Македонската компанија за развој на софтверски продукти Интертек направи софтвер кој е единствен на македонскиот и регионалниот пазар,  кој опфаќа повеќе бизнис процеси, како планирање и менаџирање на ресурси и финансии, но функционира и како ТМС (Транспорт Менаџмент Систем)  кој се грижи за конкретните процеси поврзани со транспорт кај компаниите од секторот транспорт и логистика.

Системот овозможува креирање и процесирање на нарачки, односно налози за транспорт,  архивирање, ажурирање на цени, делегирање на налози, планирање и одлучување, системот работи на алгоритми кои ги нудат најдобрите решенија за избор на соодветни ресурси (возачи, возила) како и сервиси кои помагаат да се понудат најефикасните транспортни шеми според дадени параметри, кои имаат пониско или повисоко значење според политиката на корисникот: трошоците за превоз, пократко време на дистрибуција, поефикасен превоз и обезбедување на квалитет. Рутикс овозможува и извршување и следење на транспортот односно транспортниот план, со сите пропратни предизвици поврзани за диспечирањето, планирањето и комбинирањето на транспортот со цел оптимизирање на трошоците.. Потоа доаѓа и следењето на транспортниот процес настан по настан (превозот од А, пристигнување во Б, царинење, итн.), фактурирање и резервација на документи , испраќање на сообраќајни предупредувања (одложување, несреќа, непредвидени запирања) и на крај следење на наплата и водење на финансиите. Рутикс има имплементирано многу прегледен систем за фактурирање на секој од налозите и ефективно следење на сите долгови, уплати, компензации. Од сите податоци кои на еден или друг начин влегуваат и се чуваат во базите на Рутикс, може да се генерираат извештаи според бројни параметри кои ќе ги дадат потребните одговори на менаџерите со цел донесување попрецизни и побрзи одлуки.

Според менаџерот на Рутикс, Мане Андреевски Рутикс е софтвер кој има за цел да ги однесе на едно повисоко ниво македонските транспортни компании и да бидат конкуренти во иднина и на глобалниот пазар.

rutiks-kompletno-softversko-resenie-za-transportnite-kompanii-02.png

"Преку Рутикс сакаме да инвестираме во иднината на транспортните компании и нивниот развој. Македонските транспортни компании генерално ги следат сообраќајните и законските регулативи за превозници, но не ги следат оние правила и законски регулативи кои наскоро ќе бидат воведени. Тоа значи дека доколку македонските компании не инвестираат во софтверско решение од ваков тип, во иднина нема да можат да добиваат нарачки или информации за превоз на одредени стоки од европските компании. Не би сакале да звучиме застрашувачки, но ние како директно инволвирани во тој сегмент во Европа, ги знаеме работите однапред, и сакаме на време да влијаеме на македонските транспортни компании следејќи ги сите трендови, а тоа е поради фактот дека компаниите во Европа се развиваат и напредуваат во сите сегменти пропорционално. Кај нас компаниите имаат проблем со развојот бидејќи многу тешко се одвикнуваат од навиките кои ги стекнале." - дополни Мане Андреевски

Основата на Рутикс претставува решение за оптимизирање на транспортните процеси, кое има за цел да го зголеми профитот на клиентите преку подобрување на продуктивноста, ефикасноста и безбедноста.

Целосното софтверско решение се состои од хардверски уред кој се инсталира во секое возило, и комуницира со сeрвер кој ги собира, обработува и чува податоците. Потоа тие податоци се анализираат, прегледуваат и искористуваат преку веб апликација, која е составена од низа алатки наменети да им ја олеснат работата и да им заштедат време на корисниците на софтверот кои се одговорни за транспортните процеси. Дополнително Рутикс има и мобилна апликација која е основна алатка на корисниците кои се на терен, каде покрај алатките за навигација и комуникација, се интегрирани сите потребни информации во врска со доделените задачи.

Целта на Рутикс не е да биде дел од низата софтвери кои компаниите ги користат за да им ги олеснат дневните активности, туку да биде целосно, сеопфатно решение, кое ќе го интегрира целиот циклус на процеси, од добивање нарачка за транспорт, до нејзино фактурирање односно исплата, со сите придружни активности.

rutiks-kompletno-softversko-resenie-za-transportnite-kompanii-03.png

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Татјана Стојановска позира покрај базен, Кајмакоски на прошетка со синот: Што прават македонските ѕв... Панчо од ДНК објави фотка со првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, качен на...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg