Потопло. Поевтино. Поквалитетно – Загреј се и заштеди!
- Детали
- вторник, 09 октомври 2018
Зимскиот студ ни е зад аголот, а со загадениот воздух за кој се чини дека се зборува само кога почнува грејната сезона, можеби е време оваа година да преминеме на нов начин на греење. Пелетите се евтино и лесно решение за топол дом и претставуваат помала закана за природата и воздухот кој го дишеме.
EkoLife Pellet е новата најсовремена фабрика за производство на пелети во Македонија, чиј производ спаѓа во класата А1 според европски потврдени стандарди. Компанијата ќе се претстави со свој штанд на овогодинешниот саем на мебел од 9-14 октомври, каде директно ќе можете да го нарачате производот со специјалната продолжена саемска понуда. Цената на една вреќа EkoLife Pellet e 199 денари со вклучена достава за секоја нарачана палета, но само во периодот од 9-ти до 30-ти октомври, за секои 20 нарачани вреќи, добивате вреќа гратис.
EkoLife пелетите се произведуваат од 100% дрво, а квалитетот се испитува секојдневно во лабораторијата која работи во склоп на фабриката како гаранција за квалитет.
Фабриката располага со следниве серификати: сертификат за систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2015; систем за управување со животна средина EN ISO 14001:2015; Сертификат FSC® Chain-of-Custody C142648, а во постапка е добивање на сертификатот EN Plus.
Тимот на EkoLife Pellet ве очекува на саемот за мебел, на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, од 9-ти до 14-ти октомври!
За сите новости и промоции на EkoLife Pellet, следете ги на Facebook.
Се гледаме на саем!