Донирани над милион денари на хуманитарниот пикник на Алкалоид

Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, „Алкалоид АД“ Скопје и годинава ја продолжи хуманата мисија чија главна цел е подобрување и унапредување на позитивните општествени вредности. Осми пат по ред, големото алкалоидово семејство ја продолжи традицијата наречена хуманитарен пикник за вработените, членовите на нивните семејства и/или нивни пријатели.

donirani-nad-milion-denari-na-humanitarniot-piknik-na-alkaloid-1.jpg

На годинешниов хуманитарен хепенинг спроведен под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ чиј основач е компанијата „Алкалоид“, собрани се над 1.050.000 денари. Собраните средствата  ќе бидат донирани во здужението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.

Осма година по ред, големото семејство алкалоидовци ја покажа својата хуманост на дело. Околу три илјади наши пријатели и вработени, го донесоа своето добро расположение во една заедничка мисија: поддршка на здружението за ретки болести ‘Живот со предизвици’. Се проценува дека постојат околу 8000 различни ретки болести. Во Европа, 30 милиони лица се под влијание на ретка болест, а според таквите статистики, во Македонија има околу 120.000 лица кои се афектирани од ретка болест. Ниту еден систем, ниту една индивидуа не може да се справи сама со предизвиците кои ги носат ретките болести. Затоа, годинава одлучивме нашиот традиционален донаторски хепенинг да го поддржи здружението кое се справува со проблемите на поединци соочени со ретки болести“ – истакна г. Живко Мукаетов, Генерален директор на „Алкалоид“ и Претседател на фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Здружението  „Живот со предизвици“ – основано во 2009 година од страна на родители и пациенти со ретки болести. Членка е на:  Европската Организација за Ретки Болести EURORDIS , Европската Гоше Алијанса EGA,  Алијанса за Миелодиспластичен Синдром MDS Alliance, Алијансата на Пациентски Организации IAPO, Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија и слични.

Претседателката на здружението, г-ѓа Весна Алексовска, која и самата храбро чекори со предизвикот наречен ретка болест истакна: „Со оваа донација ќе можеме да ги зголемиме напорите за помош и поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретки болести во Македонија преку таканаречената ‘Линија за помош’ која неформално ја одржуваме веќе три години. Имајќи ги  предвид драгоцените фактор ‘време’ и ‘релевантна информација’, по примерот на Европските земји и на нашите соседи Хрватска и Србија, донацијата од ‘Алкалоид’ ќе ја искористиме за формализирање на оваа т.н. ‘Линија за помош’. Преку истата, планираме организирано да им помагаме на луѓето со ретки болести во нашата земја, најнапред со навремена, точна и соодветна информација, потоа со нивно поврзување и насочување со цел да ги остварат своите здравствени и социјални права. Ќе продолжиме да се бориме за подобрување на квалитетот на живот на луѓето со ретки болести. Да имаш ретка болест значи да се соочиш со стравот, да ја прегрнеш надежта и да се бориш за иднината. Кога имаме поддршка од заедницата нашата работа е полесна. Благодариме што имате слух за предизвиците на оваа ретка група на граѓани“.

Годинава, маичките кои претставуваа официјален дрес код на настанот беа дизајнирани од познатиот македонски уметник „ТиноСки“.  Лајтмотивот на истите беше: „Љубов е сѐ што ни треба“ – подадена рака и почит за сите поединци кои се соочуваат со стравот, неизвесноста, лутањето, паниката, очајот, пресвртите и превратите во борбата со ретките болести. 

donirani-nad-milion-denari-na-humanitarniot-piknik-na-alkaloid2.jpg

Традиционалниот хуманитарен хепенинг на „Алкалоид АД Скопје“ претставува празнување на најдоблесните човечки одлики: хуманоста и човечката солидарност. Хуманата мисија како еден од темелите врз кои „Алкалоид“ расте и се развива полни 8 децении ќе продолжи и во иднина, позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот на приоритетите на „Алкалоид АД“ Скопје.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg