Веро трајно ги намали цените на 650 производи за секојдневна употреба

Со цел да им излезе во пресрет на своите потрошувачи , следејќи ги нивните барања и сугестии, „Веро“ трајно ги намали цените на 650 основни производи кои ја сочинуваат секојдневната потрошувачка кошничка на граѓаните. Станува збор за производи за секојдневна употреба во неколку категории, во кои спаѓаат прехранбени производи, средства за лична хигиена и средства за одржување на хигиената во домот.

vero-trajno-gi-namali-cenite-na-650-proizvodi-za-sekojdnevna-upotreba-01.jpg

Намалените цени на избраните производи веќе се истакнати во сите Веро маркети, видливо обележани со посебни налепници за да може потрошувачите полесно да ги лоцираат. Со поевтинувањето на потрошувачката кошничка во „Веро“, потрошувачите ќе остварат заштеди кои позитивно ќе се одразат врз нивниот домашен буџет, а во исто време ќе продолжат да добиваат сѐ на едно место - најголем избор на квалитетни и свежи производи, одлична атмосфера за пазарување во уредени маркети и беспрекорна професионална услуга подготвена да одговори на сите барања на купувачите.

- Не станува збор за периодична акција или промоција од времен карактер каде цените повторно се враќаат на претходното ниво по завршувањето на промотивниот период. Ние иницираме трајно намалување на цените на најчестите производи за секојдневна употреба кое ќе трае засекогаш. Нашите анализи покажуваат дека потрошувачите ќе остварат значителни заштеди имајќи предвид дека цените се намалени кај многу голем број производи кои ги купуваат секој ден. Трајното намалување на цените на производите е со цел да им излеземе во пресрет на потрошувачите и да им се оддолжиме за довербата што ни ја укажуваат секојдневно – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

vero-trajno-gi-namali-cenite-na-650-proizvodi-za-sekojdnevna-upotreba-02.jpg

Поголемиот дел од конкретните производи се од домашно производство, што докажува дека „Веро“ продолжува да ги поддржува домашните производители и брендови. Овој стимул на домашните компании е дополнителен поттик за натамошен развој на нивните бизниси.

И покрај трајното намалување на цените на 650 производи, „Веро“ и понатаму ќе продолжи за своите потрошувачи да ги обезбедува најдобрите цени на пазарот и на останатите производи преку периодични акции и промоции.  

vero-trajno-gi-namali-cenite-na-650-proizvodi-za-sekojdnevna-upotreba-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Уште една добра вест: Парите за Матео (2) од Скопје се собрани за 24 часа – кај детето има напредок ... Првично бараните 1 милион денари за лекувањето на малиот Матео од Скопје се собр...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg