Виталиа со 15% раст на извозот во првите 8 месеци од 2018 година

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, компанијата Виталиа оствари раст на извозот од 15% во првите 8 месеци од 2018 година во споредба со истиот период лани. Компанијата го зголеми и бројот на вработени за 25%, континуирано инвестирајќи и во самиот процес на производство. Растот се бележи на извоз на поширок асортиман на производи, пред се во категоријата на производи без шеќер, протеински производи и безглутенски производи.

vitalia-so-15-rast-na-izvorot-vo-prvite-8-meseci-od-2018-godina-01.jpg

Виталиа  е двигател на македонската економија, компанија која придонесува кон севкупниот економски развој, кон намалување на трговскиот дефицит, и која соработува со повеќе домашни комплементарни компании.

“Домашниот пазар е мал за производствените компании чиј таргет е континуиран раст и развој и одтука тие мора да се насочат кон странските пазари. Виталиа има амбициозна цел до 2025 год. да го дуплира извозот и истиот да учествува со повеќе од  95% од вкупниот промет на компанијата.

Виталиа е македонска производна компанија за здрава храна која континуирано ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија, и која е присутна на сите поголеми интернационални саеми за храна. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian. Виталиа произведува широко портфолио на производи за сите генерации, за различни категории на луѓе, за оние кои сакаат да одржуваат здрав живот, како и за оние со одредени потешкотии.

vitalia-so-15-rast-na-izvorot-vo-prvite-8-meseci-od-2018-godina-02.jpg

Денес брендот Виталиа е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

Виталиа се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели...

2018 е јубилејна година, компанијата слави 25 години на македонскиот пазар.

vitalia-so-15-rast-na-izvorot-vo-prvite-8-meseci-od-2018-godina-03.jpg

vitalia-so-15-rast-na-izvorot-vo-prvite-8-meseci-od-2018-godina-04.jpg

vitalia-so-15-rast-na-izvorot-vo-prvite-8-meseci-od-2018-godina-05.jpg

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Помалата ќерка на Светлана и Мики Црнокрак го прослави 13-тиот роденден - откако парот одбележи 27 г... „Среќен роденден Нина татина“, напиша Мики Црнокрак за својата помала наследничк...
Моќна објава на Македонка: „Ми го исмејуваа детето на училиште затоа што носи храна од дома и има по... „Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg