Во новиот свет на неограничена комуникација Wi-Fi повеќе не е доволно

Ни се допаѓало тоа нам или не, времињата, трендовите и технологијата се менуваат, а со тоа и нашите навики и потреби. Подобро е да бидеме во тек со нештата, отколку тврдоглаво да одбиваме и да негодуваме за сето она што не го разбираме.

vo-noviot-svet-na-neogranicena-komunikacija-wi-fi-povekje-ne-e-dovolno-001.jpg

Често пати слушаме како родител му вели на своeто дете „Остави го веќе тој телефон, цел ден само во него зјапаш и не правиш ништо друго”. Но, можеби токму тоа „дете“ преку својот  телефон управува со својата работа, праќа мејлови и следи проекти, можеби работи на својата едукација и следи онлајн предавања или пак, комуницира со својата идна сопруга која живее во друга земја.

Ништо не е црно или бело и добро или лошо како што тежнееме да го претставиме. Ова се однесува и на користењето на мобилната технологија со сите нејзини предности во сите сегменти на нашиот секојдневен живот.

Можеби некому му звучи апсурдно блогерството, Инстаграм популарноста и слично, но факт е дека ова се нови, легитимни професии од кои одлично се заработува. За многумина е несфатливо како некој може да праќа работни мејлови од плажа додека е на одмор, но можеби стотици луѓе зависат од одлуката и од брзината на одговорот на таа личност.

Да, во денешно време брзината е нешто што исклучително високо се цени и е пресудна за многу работи, од социјална поставеност до успех во кариерата. Токму затоа, во овој нов свет, кога се работи за мобилната технологија, Wi-Fi повеќе не е доволно. Посебно ако патувате во странство и сакате да споделите пренос од волшебниот концерт на кој присуствувате, имате итен мејл за праќање, или ако треба да најдете некоја туристичка локација, тогаш роаминг и интернет во роаминг ви е неопходен. Со добар роаминг пакет, сигурно ќе ви се исплати повеќе отколку да ги соберете сметките за кафиња што сте ги испиле во странство заради бесплатното Wi-Fi.

Сепак, пред нас како нација стои долг пат за разбирање и прифаќање на роамингот не само како основна потреба, туку како вредност којашто ја пружа мобилната телефонија. Впрочем, доказ за ова е последното истражување на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), според кое последнава година само 18 отсто од населението користело роаминг, а цела една третина од нив не ја знаат тарифата кога ја користат услугата. Но, она што е изненадувачки е фактот дека речиси 60 отсто од населението кое знае што е роаминг, воопшто не знаат дали имаат добра понуда за роаминг од својот оператор.

Затоа, пред да патувате некаде, најважно е да ги знаете правилата за роаминг во странство и да знаете кој оператор во одредена држава нуди најповолни пакети. Во таа насока, летово Македонски Телеком подготви летна роаминг промотивна понуда којашто дефинитивно на корисниците за време на годишните одмори им овозможува опуштена и безгрижна комуникација во странство. Со актуелната понуда, новите и постојните приватни корисници на Smart постпејд и на Magenta 1, како и бизнис корисниците на Business и на Magenta 1 Business тарифните пакети, добиваат 500 MB интернет и 500 минути во роаминг, достапни за користење цело лето.

Mинутите се однесуваат на појдовни и дојдовни повици во роаминг и за опцијата Најевтин роаминг. По целосно искористување на промотивниот роаминг сообраќај, корисникот добива SMS за искористените минути за разговор, како и за искористениот интернет сообраќај. Овие  промотивни минути и интернетот во роаминг можат да се користат до 30 септември 2018.

Затоа, уживајте уште малку во летото, суфрајте безгрижно и бидете поврзани каде и да сте!

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...
Стефан од Некст Тајм се вери со саканата: „Рече засекогаш“ Со Инстаграм објава, Стефан Филиповски од дуото Некст Тајм откри дека се верил с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg