И контејнерите проговорија: „Ние јадеме подобро од 60% од децата во земјава“

Доколку контејнерите беа живи суштества, многу веројатно дека изразот на нивните лица ќе демонстрираше подеднаква тага и жал заради количината храна која, секојдневно завршува во нив, наместо да биде ‘спасена’ и подарена на било кое од 60.% од нашите деца, кои секое утро се будат со празно стомаче.

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-1.jpg

„Јас јадам подобро од 60% од децата во земјата“ е пораката со која, од рано изутрина, триесетина контејнери лоцирани во три населени места во Скопје ги пречекаа и испратија скопјани.

- Не хранете ги контејнерите и депониите. Тие немаат потреба од нашата храна, порачуваат од Банка за храна МК.

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-2.jpg

Контејнерите облепени со стикери со тажни физиономии и порака испишана на македонски, англиски и албански јазик се дел од герила кампањата на „ВСС ефект“ проектот финансиран од Европска унија и спроведуван од Банка за храна МК и партнерите: Организација на жени од Струмица, СИБАХЕ-Словенска Банка за храна и Европска федерација на Банки за храна (ФЕБА).

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-3.jpg

Протестирачките контејнери треба да ја разбудат нашата свест и совест бидејќи, од нас зависи дали сиромаштијата ќе продолжи да се крие зад аголот на нашата улица, зад влезната врата на нашата зграда, на станот на нашите соседи, роднини и пријатели, или ние самите ќе бидеме тие кои ќе ја стопираат.  

Банката за храна, заедно со својата мрежа од локални партнерски организации веќе осум години работи на подигање на свеста на граѓаните за количината храна која се фрла, како и на поттикнување на култура на донирање на вишоците храна. Преку „ВСС ефект“, организацијата цели да ја мобилизира целокупната јавност - граѓаните, институциите, организациите и бизнисите, заеднички да креираат закон со кој ќе се спречи фрлањето храна.

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-4.jpg

Следете не и приклучете ни се на Facebook: WSS Effect – Банка за храна МК.

Оставете коментар за поддршка под хаштаг: #EveryBiteMatters и #СекојЗалакЗначи.

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-5.jpg

Каде може да ги пронајдете нашите протестирачки контејнери:

  1. Градски стадион,
  2. Универзална сала и
  3. Улица: „Даме Груев“ спроти заводот за статистика.

„Да не ги храниме депониите, да ги нахраниме децата, луѓето и економиите.“

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-6.jpg

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-7.jpg

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-8.jpg

i-kontejnerite-progovorija-nie-jademe-podobro-od-60-od-decata-vo-zemjava-9.jpg

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова за летувањето во Ердек: „Тијана има стан тука, влез на приватна плажа е меѓу 600 и 1.500... „Цените до лани беа супер евтини, годинава се како во Грција. Има лахмаџун ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg