Нови гастрономски задоволства: Пробајте ги новите Président Salakis Traditional зрели сирења!

Сирењето е храна за која се верува дека има традиција од околу 8000 години. Денес тоа е една од кулинарските намирници што ни се достапни во текот на целата година, а сите љубители на сирењето уживаат во различен вкус секогаш кога сакаат. Го има во различни форми, бои, текстури, цврстина, со разни мириси и ароми. Сето тоа зависи од многу фактори чие изучување стана вистинска уметност. Типот на млеко, бактериите, киселините во процесот на ферментација, должина на ферментација и ароми - се некои од основните детерминирачки фактори за крајниот производ.

novi-gastronomski-zadovolstva-probajte-gi-novite-pr-sident-salakis-traditional-zreli-sirenja-001.jpg

Сирењето стана претставник на културата која го промовира, се карактеризира со специфично географско поднебје и национална гастрономија.

Président на своите потрошувачи им ги донесе најдобрите вкусови и разви уникатен и богат асортиман на сирења со врвен квалитет и препознатлив вкус за традиционално медитеранско задоволство.

Едно од највкусните зрели сирења, создадено од 100% високо-квалитетно млеко, со интензивен вкус и богата, млечна текстура е новото Président Salakis Traditional сирење. Ова ново, зрело сирење создадено од 100% високо-квалитетно млеко е исечено на парчиња и потопено во саламура, со што сирењето добива неодоливо сочен, кремаст и свеж вкус.

novi-gastronomski-zadovolstva-probajte-gi-novite-pr-sident-salakis-traditional-zreli-sirenja-01.jpg

Спакувано е во премиум, иновативно пакување со цедилка која овозможува хигиенско вадење, за едноставно сервирање и уживање во само 4 чекори.

novi-gastronomski-zadovolstva-probajte-gi-novite-pr-sident-salakis-traditional-zreli-sirenja-02.png

Производството на автентични сирења е составен дел на културното наследство на една земја или регион. Така, нашето поднебје е познато по своите автентични рецепти за производство на сирење, а асортиманот на Président нуди уникатни традиционални вкусови на едно место.

Président Salakis Traditional сирењата ќе најдат широка примена на трпезите, ќе бидат гостин на тестенините, но и пријатен додаток во свежите салати. Зачинските билки и маслиновото масло ја збогатуваат аромата на Président Salakis Traditional и овозможуваат целосно уживање во вкусовите на кравјото, овчото и мешаното сирење.

Но, Président Salakis Traditional ќе биде и прв избор за оние што не сакаат да експериментираат и од сирењето бараат едноставен вкус на кој му остануваат верни.

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Синчето на Антониа Гиговска го прослави првиот роденден: „Не знам што би правеле да не си ти“ Антониа Гиговска првпат објави фотки на кои се гледа лицето на синчето Киан, по ...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg