Пепи Мирчевски се шегува во Еден на Еден: Моника Белучи ги има изгубено критериумите за маж, цело време гледаше во мене
- Детали
- среда, 04 април 2018
Ни кажуваат вицови дури и на гробишта, признаа Саше Димитровски и Никола Кумба во неделната епизода на „Еден на Еден“. Екипата од „Солза и смеа“ ја насмеа публиката на најгледаното ток-шоу со сите анегдоти од нивните патувања и претстави.
Во Австралија гледавме да пробаме сѐ, јадевме кенгур, крокодил...Ќе пробавме и од нашинците, но тешко се лупат, многу се тврдокорни – се пошегуваа тие.
Нивниот сограѓанин, Пепи Мирчевски, пак, раскажуваше за дружбите во Битолскиот театар, долгата кариера, како и многуте македонски и интернационални филмови во кои настапувал.
Кога го снимавме „Млечниот пат“ му реков на Кустурица дека и Моника Белучи не е тоа што беше. Кога ме праша зошто, реков дека очигледно ги изгубила сите критериуми за мажи, бидејќи постојано гледа во мене – се смее познатиот Пепи Пивцето.
За оние што не успаја да ја гледаат, емисијата е веќе објавена на „Јутјуб“. Во недела, пак, на Велигден, Жаре и екипата на Еден на Еден подготвија уште еден специјал, овојпат со Жан Митрев.
Гледајте Еден на Еден во недела од 18:50 на Канал 5.