50-тина фризери од Македонија се едуцираа на традиционалниот Болоњски семинар за професионални фризери!

50-тина професионални фризери и техничари од Македонија благодарение на компанијата Вертикал Вејв – која е овластен дистрибутер на професионалните брендови за коса RED CAT и IMEL Profesional, присуствуваа на 51-от саем за фризерство COSMPOROF во Болоња, Италија.

50tina-frizeri-od-makedonija-se-educiraa-na-tradicionalniot-bolonjski-seminar-za-profesionalnifrizeri-1.jpg

Станува збор за еден од најголемите и најпрестижни саеми на светот во областа на модната козметика и фризерството, а на кој македонските претставници беа предводени од професионалните фризери Даниел Пауновски и Андреј Миске кои истовремено им ги презентираа  и новитетите поврзани со производите на  RED CAT и IMEL Profesional.

Присутните имаа можност за да се запознаат со европските и светските новитети во негата на косата, со најновите фризерски трендови, да разменуваат искуство и знаење, и на лице место да видат како работат врвните мајстори.

50tina-frizeri-od-makedonija-se-educiraa-na-tradicionalniot-bolonjski-seminar-za-profesionalnifrizeri-2.jpg

“Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма!  Токму поради тоа професионалните фризери се многу пребирливи при изборот на козметиката која ја користат. Тоа треба да биде квалитетна козметика која ја негува косата, која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет. Пропорачливо е да користат производи со хиалуронска киселина кои помагаат косата да постигне максимална хидратација и да се зголеми производството на природен колаген, истакнувајќи ги посебно квалитетите на Имел козметиката.”, изјави нашиот познат стилист Андреј Миске.

50tina-frizeri-od-makedonija-se-educiraa-na-tradicionalniot-bolonjski-seminar-za-profesionalnifrizeri-3.jpg

Производите можат да се најдат само во фризерските салони. Ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата.

Не го оштетуваат влакното на косата, и даваат убав и посакуван сјај на косата.

50tina-frizeri-od-makedonija-se-educiraa-na-tradicionalniot-bolonjski-seminar-za-profesionalnifrizeri-4.jpg

50tina-frizeri-od-makedonija-se-educiraa-na-tradicionalniot-bolonjski-seminar-za-profesionalnifrizeri-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg