Негуваната коса е најсилен адут на секоја убава жена
- Детали
- петок, 09 март 2018
На кратко со Жаки од фризерско студио Тами hair.
Како до успехот?
Истрајноста, упорноста, амбицијата но пред се љубовта кон она што се работи секогаш бессомнен успех. Секако постојано себе надградување како и посета на семинари. Со задоволство би го издвоила семинарот на Red cat во Белград кон крајот на минатата година, кој беше спектар на профeсионалност, врвен квалитет на производи и техники за нивна примена. Во оваа бранша сум 17 години како сопственик на фризерското студио „Tami hair – Zaki“ лоциран во населеното место Стајковци.
Како од сегашен аспект гледате на оваа работа?
Негуваната коса е синоним за привлечна жена, целосна грижа за вашата коса и стручни совети, секогаш ќе добиете во моето фризерско студио. Ви нудиме фризерски услуги по ваш избор во трка со светските модни трендови – нијансирањево 2 и повеќе нијанси, bayalage, ombre hair colors. Фризерите се секогаш спремни за она што не очекува секоја нова пролет – нов тренд на бојадисување.
Што е пресудно да се работи кога знаеме дека има огромна конкуренција?
Со долгогодишното искуство и напорно работење доаѓа и квалитетот кој клиентите знаат добро да го препознаат.Не постои девојка или жена која не ужива во посетата на фризерски салон. Третманот на косата го препуштаат во раце на големи професионалци, а ние им гарантираме беспрекорен квалитет и посебна козметика, од кои нашите клиенти се воодушевени. Затоа кога пристапувам кон клиентите, секогаш внимателно ја сослушувам нивната желба, а потоа го искажувам моето искуство и кое го прифакаат со широка насмевка на нивното лице.
Кога станува збор за правилна нега на косата, што вие и препорачувате на една жена?
И најдобрата фризура ке изгледа лошо, ако не ја стилизирате со вистински производи и бои за вашиот тип на коса и боја на кожа. Препорачувам третмани со козметиката на IМЕЛ третман со keratin шампон, маска и серум за јако ревитализирање на косата, бојадисување со vertical.
Ни најдобрите производи за нега IМЕЛ нема да помогнат доколку скалпот не се измие темелно, длабински и на правилен начин. По секој третман задолжително косата треба да се исплакни без остатоци од препаратите за да е можно обликување на неа.