Овој март трето издание на Fashion & Lifestyle Expo
- Детали
- вторник, 27 февруари 2018
Месец март е месецот за промени, нови информации, искуства, авантури...
Подгответе се за пролетното прочистување од зимските лежерни мисли и хибернацијата.
Време е за повторно отворање и проширување на хоризонтите со нови, креативни и иновативни перцепции.
Fashion & Lifestyle Expo по трет пат го најавува единствениот lifestyle настан кој прави совршен спој од се’ она што ја предизвикува нашата индивидуална и креативна страна.
На 22ри и 23ти март, фоајето на Македонската опера и балет повторно ќе зрачи со креативната енергија која е резултат на современиот дизајн, иновативните производи, уметноста, креативноста и прекрасните звуци.
Уникатниот современ дизајн на автомобили, архитектурата, парчиња мебел, бањи и уредување на ентериер, модниот дизајн, накит, аксесоари, чевли и часовници, луксузната козметика и исклучителните пијалоци се повторно во фокус.
Голем број на домашни и странски премиум брендови и компании, во уникатна атмосфера и во несекојдневен амбиент ќе ви ги претстават своите најнови колекции, производи и услуги, а посетителите ќе имаат можност од прва рака да ја дознаат нивната приказна и да искористат бројни поволности.
Покрај изложбениот дел, Моментум Инк. најавува богата дневна и вечерна програма, која ќе се одвива на неколку интерактивни сцени.
Од креативни презентации за дизајн на мебел, архитектура, модни совети со модни новинари и модните гуруа, стилизирање на брада и пиво за момците, луксузна козметика и квалитетно вино за дамите, па се’ до модни работилници за најмалите, Fashion & Lifestyle Expo има за цел повторно да ја помести границата и на посетителите да им понуди несекојдневно и незаборавно искуство, кое ќе ја поттикне и истакне индивисуалноста и ќе инспирира нови креативни конекции.
Следете ја официјалната страна на Fashion & Lifestyle Expo, бидејќи наскоро ќе бидат откриени сите учесници на третото издание.