Вип отвори уште еден канал за комуникација со корисниците - Разговори во живо преку Live chat
- Детали
- петок, 21 јули 2017
Следејќи ја својата заложба за целосен фокус кон корисниците, Вип воведува уште една новина и на своите корисници им овозможува сосема нов канал за комуникација– Live chat и тоа преку официјалната веб страна на компанијата, www.vip.mк.
Преку овој интерактивен канал за комуникација сите корисници и заинтересирани за понудата на Вип можат во секое време да ги добијат информациите кои им се потребни, и да добијат одговор на сите прашања кои ги имаат.
Корисниците при посета на веб страната т.е. на сегментите кои се однесуваат на постпејд, припејд и Комбо тарифните модели, имаат опција да започнат разговор со агент за корисничка поддршка и тоа со кликање на прозорче во долниот десен агол. Со внесување на своето име и презиме и телефонски број, веднаш стапуваат во контакт со агент од Контакт центарот, и можат да го постават своето прашање или да побараат помош.
Исто така, доколку корисникот извесен период е на веб страната на Вип а не започнува разговор со агент, агентот од Контакт центарот има опција да иниција разговор односно да му понуди помош на корисникот.
Live chat опцијата е поставена на следните веб адреси/URL: https://www.vip.mk/postpejd/tarifi, https://www.vip.mk/postpejd/tarifi/opcii, https://www.vip.mk/pripejd/tarifi/vip-fun, https://www.vip.mk/pripejd/tarifi/tarifni-paketi.