Ивана и Ману - бестрашни патувачи низ светот на две тркала

Возбудата  што ја носат патувањата речиси секому му е добредојдена, посебно во летните периоди кога слободата на движење е поголема а желбата за патување уште посилна, кога градската средина се гуши во густиот топол воздух и летаргијата го надвладува секојдневието. Но, како секој од нас би ја опишал таа возбуда и што за секој од нас значи патувањето? Колку сте подготвени да го прифатите предизвикот? Повеќе сакате покуси релации кои не бараат од вас долги патувања и кога ќе пристигнете да го имате комодитетот од дома? И на крајот прашањето, дали патувате за да стасате некаде или, едноставно, уживате во секој дел од патувањето без да ве оптоварува идејата за крајната дестинација?

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-001.jpg

Во потрага по вистинските експерти за овие прашања дојдовме до Ману и Ивана.... да, тоа е оној пар за којшто секоја географска широчина на планетата се чини дека им е претесна, страста за нови искуства бескрајна и стравот од непознатото победлив.

За оние кои првпат слушаат да ги претставиме: скопјанката Ивана Чолаковска и нејзиниот сопруг, Шпанецот, Мануел Торес се оние два „лика“ кои одлучија во период од  четири години да го обиколат светот со мотор и успеаја во намерите, па така оваа пролет стигнаа на градскиот плоштад во Скопје со извозени 147 илјади километри, посетени 6 континенти, 55 различни земји и култури. Неверојатен подвиг, но тие не застануваат тука. Поттикнати од големиот успех, летово тргнаа на уште едно патешествие и тоа овој пат низ Европа.

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-02.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-05.jpg

Македонски Телеком, пак, во исто време се подготвуваше за својата нова роаминг кампања, чија порака одлично се вклопува со мотото на Ману и Ивана... движењето е слобода. Но, за слободата да биде безгрижна тие добија свои партнери во патувањето и заеднички ги документираа и ги споделија со нас искуствата од земјите кои ги посетија низ Европа.

Тие беа спакувани во кусо и симпатично видео кое можете да го погледнете тука.

„Патувањето за нас не е крајна дестинација до која треба да стигнеме, ниту некое посебно место кое треба да се посети....патувањето започнува од моментот кога ќе го „јавнеме“ моторот и ќе тргнеме...тука започнува искуството кое двајцата го впиваме...носи многу убави и незаборавни моменти, но и многу искушенија, откажувања и непријатни понекогаш и болни ситуации...но излегувањето од комфорната зона го прави ова искуство незаменливо, полно со лекции и спознанија за самите себе...или си скроен да го погледнеш во очи или ќе кренеш раце и ќе се вратиш на обичните работи. Нашата жед за задоволување на животните потреби, би рекла е малку поинаква, бара егозитични извори за да се скроти потребата“, вели Ивана.

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-04.jpg

Кога ќе се вкрстат интересите работата сама си врви...Ивана и Ману го откриваат светот и себе на еден несекојдневен начин, а технологијата им овозможува да бидат поврзани каде и да се наоѓаат, и да го документираат секое движење и дестинација, за потоа да го споделат нивниот слободен свет со секој што сака да ѕирне во него и за кратко барем да биде дел од него. Преку нивниот пример да се охрабрат и сите заспани авантируисти и да му се препуштат на чувството на слобода без задршки. Зашто, денес, патувањето е полесно од кога било бидејќи колку и да си далеку од дома интернет конекциите и роаминг услугите буквално во еден миг ги бришат растојанијата и сè што ви е потребно го имате на дланка за само неколку секунди. Затоа, порачуваат Ивана и Ману, вдишете длабоко и зграпчете го летото, откријте ги убавините кое тоа може да ви ги понуди и останете поврзани.

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-06.jpg

Од 17 јули тие започнуваат нов пат кој ќе ја покрие целата Адриатик зона ... овојпат ќе можете да ги следите на Фејсбук страната на Телеком.

Во меѓувреме, сетете се и размислете за значењето на познатиот цитат од филмот „Плажа“, на британскиот режисер Дени Боил:

„Се уште верувам во рајот. Но, сега барем знам дека тој не е некое место кое треба да го пронајдете. Бидејќи не се работи за тоа каде одите, туку како се чувствувате во одреден момент во животот кога сте дел од нешто. И доколку го пронајдете тој момент ... ќе трае вечно.“

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-01.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-03.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-07.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-08.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-09.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-10.jpg

ivana-i-manu-bestrashni-patuvachi-niz-svetot-na-dve-trkala-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Прилепчанката Ивана Ѓорѓиоска го победи ракот на лимфната жлезда: „Со двете деца во раце се изборив ... „Ивана ти си хероина на денот“, „Браво! Никогаш повеќе да не се повтори кај...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg