Springfield дел од Д Фестивал 2017
- Детали
- вторник, 04 јули 2017
Шпанскиот моден бренд Springfield, познат по модните парчиња за трендовски и релаксиран изглед ќе биде дел од овогодинешното издание на Д Фестивал, кој ќе се одржи од 14-ти до 16-ти јули во Дојран.
По примерот на светските музички фестивали, оваа соработка ја потенцира неизбежната поврзаност на модата и настаните од ваков вид кои се вистинско место за презентација на уникатноста и креативноста во облекувањето.
Соработката на Springfield и Д Фестивал ќе вклучи повеќе активности. Така, пред започнувањето на фестивалот сите оние кои веќе се подготвуваат, ќе имаат можност да ја покажат својата #musthave комбинација на Instagram со хаштаг #springfieldfetsivalready и на тој начин да станат потенцијални добитници на вредносни ваучери од брендот.
За време на фестивалот посетителите ќе може да го овековечат својот моден избор на специјално означена Springfield позиција и потоа да го споделат со хаштаг #springfieldfestivalfashion. Најуникатните модни комбинации бидат наградени со подароци од Springfield.
Дополнително, 1000 посетители на фестивалот со својата влезница ќе добијат и купони со попуст за купување во продавниците на Springfield.
Доаѓа време за забава и мода, за релаксирани денови и возбудливи ноќи, па затоа подгответе се најдобро што можете и уживајте во уште едно незаборавно фестивалско лето!