Филмови под ведро небо и оваа сабота во Градскиот парк
- Детали
- петок, 30 јуни 2017
Сава Осигурување организира летни кино проекции.
Поминаа две саботни летни ноќи во добро друштво, пуканки и филм под отворено небо во Градскиот парк кај Школка, каде Сава осигурување организира кино проекции.
Оваа сабота, на кино-репертоарот под отворено небо, ќе го гледаме Max Steel (2016) во режија на Стујарт Хендлер (Stewart Hendler), а во главните улоги Бен Винчел ( Ben Winchell), Џош Бренер (Josh Brener) и Мариа Бело (Maria Bello).
Летните кино – проекции ќе траат до 5 август, секоја сабота, а закажани се во 20 часот, со старт на филмот во 21 часот.
Проекциите се со слободен влез, а за гледачите Сава Осигурување, како домаќин, следењето на филмските проекции ќе го зачини со пуканки, вино и други освежителни пијалоци. Репертоарот на проекциите и сите случувања поврзани со „Сава летнотo кино“ ќе можете да ги следите на Фејсбук страницата каде ве чекаат подароци и изненадувања.
Веќе 10 години по ред Сава Осигурување како дел од групацијата „Сава Ре“, Љубљана се грижи за сигурноста и безбедноста на своите клиенти и како дел од заедницата во која работи тие се свесни за потребата и важноста да се подобруваат општествените услови во кои жувееме и да се вложува во оддржување и градење на вистинските вредности.
За повеќе информации во врска со нивните понуди и осигурувања можете да ја посетите нивнaта веб страница.