Патувачката авантура на дружината на „Smoki Friendy“ се заокружи во романтичната Верона
- Детали
- петок, 06 јануари 2017
Дали знаевте дека Смоките на Соко Штарк се првиот произведен флипс од овој тип во цела Југоисточна Европа и оваа 2017-та година ќе го прослават својот 45-ти роденден?
А кога сте верни грицкачи на оригиналните Смоки, тогаш довербата е наградена со привилегија да се биде дел од нашата луда патувачка авантура низ Италија, Франција и Шпанија.
Време е за последниот предвиден дел од нашето десетдневно крстосување, градот на љубовниците Ромео и Јулија, романтичната Верона.
Но, пред да зачекориме низ тесните улички каде што ликовите на Шекспир се заколнале на вечна љубов, застануваме на кратко во Ница, бисерот на Азурниот Брег.
А таму на третиот ден од нивата година нè дочека сонце, бескрајно синило и луѓе кои утрински уживаат на плажа, па решивме да им се придружиме.
Ница блеска и се капе во убавина, а свежото морско ветре ни го отвора апетитот и не можеме да поверуваме дека сè уште има Смоки во вреќата. Искрено, не ги броевме изедените кесички за време на патувањето, беа навистина премногу.
Возејќи по брегот на француската ривиера стигнуваме во обиколка на Ез и една од најпознатите фабрики за парфеми, „Фрагонард“. Со заинтересираност го слушаме објаснувањето на процесот на создавање оригинални парфеми, како и описот на професијата „Nose“ (во превод - „Нос“) – личноста кому му е доверена улогата да ги мириса и распознава сите ноти и ароми.
Нивното школување трае неверојатни 10 години, не смеат да консумираат алкохол, силни зачини, ниту цигари за да не го оштетат сетилото за мирис и со тренирање може да распознаат околу 3.000 различни мириси.
И конечно, црешата врз шлагот на нашето патување, шармантната Верона. Време е за групна фотка на плоштадот пред Арената, а потоа сите заедно тргнуваме во куса обиколка на градот, завршувајќи во куќата на Јулија.
Дел се потпишуваат на ѕидот облепен со љубовни пораки од целиот свет, а дел размислуваат симболично да ја запечатат својата љубов со препознатливите катанци.
Се смееме додека се фотографираме покрај златната статуа на Јулија, бидејќи верувањето е дека допирот на нејзината десна града ќе ви донесе многу среќа во љубовта.
Кесата Смоки за жал не успеа да стигне до балконот на нашите Ромео и Јулија, но ги дочека кога се симнаа од него.
Многу смеа и љубов на едно место, благодарение на нашите црвено-жолти пакетчиња со омилените грицки.
Јазиците повеќе не претставуваат никаков проблем, совршено се разбираме. Оставајќи ги нашите пријатели во Љубљана, Загреб, Белград се поздравуваме и долго си мавтаме додека автобусот се оддалечува.
А знаете ли што е најдоброто нешто од нашата авантура?
Секогаш кога ќе ги вкусиме Смоките, ќе се сетиме на тоа десетдневно патување, кога посетивме голем дел од Средоземноморска Европа за мал временски период.
Ќе се сетиме на патеката по која се движевме, на нашите пријатели од целиот Балкан и со задоволство ќе си приспомнеме на сите убави моменти.
А кога одреден вкус како овој на Смоките ќе се врзе со прекрасни сеќавања, тогаш тој станува омилен, засекогаш.