Извлечени добитниците од големата наградна игра на Рамстор
- Детали
- четврток, 22 декември 2016
Голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамстор на извлекувањето на добитниците од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“.
Возбуда, нетрпение и големо исчекување ги обзема присутните, особено оние чиј фокус беше главната добивка, возбудливиот CROSSOVER Citroën C4 Cactus.
Наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ почна на 6 октомври и траеше до 14 декември оваа година, а можност за учество имаа сите полнолетни граѓани со фискална сметка над 1.000 денари. Со организацијата на оваа наградна игра Рамстор сакаше да искаже благодарност кон своите лојални потрошувачи за довербата, што го направи нивен прв избор во изминатите 11 години.
На извлекувањето беа доделени 111 ваучери од по 11.000 денари, како и уникатниот CROSSOVER Citroën C4 Cactus кој отиде во рацете на Сергеј Шоптрајанов од Скопје.
„Сè уште сум возбуден и не знам што би кажал во овој момент. Ми се чини нестварно, како да му се случува на некој друг. Не присуствував на извлекувањето, ме информираа телефонски и добро што имав каде да седнам. Не ми се верува дека можам да кажам дека сум сопственик на CROSSOVER Citroën C4 Cactus!?! Секој пат кога ќе изговорам, одново се преиспитувам дали е ова возможно?!? Благодарен сум за наградата, тотално неочекуван подарок, 2016-та не можеше да има подобар финиш“ - возбудено изјави Сергеј.
Уште од основањето визијата на Рамстор остана иста; да креираат и да задржат среќни и задоволни потрошувачи, а тоа настојување го демонстрираа и со организација на оваа наградна игра.
„Секако дека деловните резултати, плановите и визиите за просперитет носат сатисфакција и бенефит за нас и за нашите вработени, но она задоволство и среќа што им ги овозможуваме на нашите потрошувачи не се мери со ниту една единица мерка за успех. Бев присутен на извлекувањето и на таа несекојдневна возбуда и ќе бидам искрен, нема подобро чувство, нема поголема храна за душата, отколку да наградите и да израдувате некого толку многу. Се надевам дека нашите потрошувачи ќе уживаат во своите ваучери за поголемо и побогато новогодишно славење. На добитникот на CROSSOVER Citroën C4 Cactus му ја честитам оваа голема добивка и посакувам удобно и безбедно возење со овој егзотичен автомобил“ - изјави Мурат Јуксел, Маркетинг директор на Рамстор во Македонија.
Следејќи ги позитивните трендови во малопродажбата и ослушнувајќи ги очекувањата на потрошувачите, Рамстор маркетите постојано работат на унапредување на разбирањето на потребите на модерното живеење. Тоа подразбира континуирана инвестиција во оперативна инфраструктура и во нови маркети поблиску до потрошувачите, што обезбедуваат најдобри услови за пазарување и понуда што им го подобрува квалитетот на животот ним и на нивните најмили.
Сите добитници од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ можете да ги најдете на следниот линк.