Незаборавен вкус и благопријатно дејство на новиот Битолски ГУСТ јогурт

Велат дека за добрите работи во животот, вреди да се чека. На задоволство на сите сладокусци, од неодамна може секојдневно да се ужива со новиот Битолски густ јогурт на Бимилк! Овој јогурт со својата идеална густина, пробуди ново доживување во секојдневната исхрана на сите потрошувачи.

nezaboraven-vkus-i-blagoprijatno-dejstvo-na-noviot-bitolski-gust-jogurt-1.jpg

Она што го прави новиот Битолски густ јогурт посебен, е тоа што има исклучителна крем-структура и незаборавен вкус кој останува во устата. Отсега сите гурмани и хедонисти, можат да уживаат во зголемената густина, која дава интензивен вкус и чувство на ситост и исполнетост.

Покрај вкусноста, Битолскиот густ јогурт е и значително добар и корисен за здравјето. Корисните бактерии од густиот јогурт кои се задолжени за ферментацијата го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Како и сите останати млечни производи на Бимилк, Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини.  Само една чашка густ јогурт е значаен извор на калциум, магнезиум и калиум, како и фосфор, јод, цинк, витамин Б5 и Б12. Поради калиумот коj гo содржи во својот состав, за коj е клинички потврдено дека придонесува за намалување на крвниот притисок, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот.

Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк преку густиот јогурт донесе гурмански вкус на јогурт на пазарот, кој истовремено делува корисно и на цревната флора, го смирува желудникот, го намалува присуството на желудачната киселина, а го чува и здравјето и функцијата на коските.

Поради својата густина, Битолскиот густ јогурт може да се користи за подготовка на омилените сосови и салати, а е највкусен во комбинација со пецива, пити, но и со разни други видови храна со кои се надополнува.

nezaboraven-vkus-i-blagoprijatno-dejstvo-na-noviot-bitolski-gust-jogurt-2.jpg

Новиот Битолски густ јогурт доаѓа во ново практично ПЕТ-пакување од 1,5 кг, 1 кг, 500 г, 250 г за употреба во различни пригоди, а ПЕТ-пакувањето овозможува јогуртот да ја задржи својата свежина и неколку денови по неговото отворање.   

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете веб страницата www.bimilk.mk или Фејсбук-страницата на Бимилк.

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
Сања Ристиќ се пофали со новиот пирс посветен на Перо Антиќ: „Го живееме најубавиот живот“ „Уживам во животот со Сања Ристиќ“, напиша Перо Антиќ, а неговата девојка, пак, ...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg