Да се направи нешто за среќата на другите!

Подарувањето добрина е благослов и за оној што дава, но и за оној што ја прима. Луѓето што ја усовршуваат уметноста на љубезност и на хуманост, го прават тоа со целото свое срце и без себични мотиви, а празничните денови се одлична можност да израдуваат некого и со хуманиот активизам да им помогнат на најранливите.

da-se-napravi-nesto-za-srekata-na-drugite-1.jpg

Скопје сити мол со организација на донаторската акција Јас Дедо Мраз е јадро на размената на радост, љубов и хуманост, а во оваа хуманитарна акција може да учествува секој што ќе кликне лајк на објавата за донации на фејсбук-страницата на Сити мол. Тој мал, но значаен придонес патува до некоја од продавниците во трговскиот центар, а тие во име на потрошувачите ќе дадат подарок-донација од својот асортиман на производи. Кликнете на TudorsАД Европа или на Sport Vision и дарувајте лајк кој нема да ви чини ниту денар, а ќе придонесе за нечија слатка насмевка!  

За секои 250 лајкови секој од брендовите поединечно донираат во име на потрошувачите по еден подарок за дечињата во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. За поголема транспарентност на иницијативата, пред продавниците на брендовите што учествуваат во акцијата се поставени аналогни фејсбук-бројачи што го евидентираат секој лајк на посетителите на фан-страницата на Сити мол, како и на секој од посетителите во молот. Колку повеќе лајкови, толку повеќе подароци за децата без родители и оваа Нова година!

da-se-napravi-nesto-za-srekata-na-drugite-3.jpg

„Верувам дека великодушноста е личен избор. Не е важно да се дарува нешто што ќе направи големи материјални промени, туку нешто во што ќе вложиме дел од себе и од нашите можности да усреќиме некого.  Помагајќи им на другите, градиме нераскинливи човечки врски што се темелат на хуманост и на благодарност, а тоа е една од вредностите што Скопје Сити мол сака да ги сподели со своите потрошувачите. Но, донациите не се врамени и лимитирани од активностите и подарувањето лајкови. Секој лично може да даде донација-подарок што ќе го приложи на инфопултот во нашиот мол и секој може да биде Дедо Мраз“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити мол.

Хуманоста е клучот на личната среќа и мотивација за подобар живот.

Покажете ја својата хумана страна и подарете среќа во празничните денови на многу дечиња што имаат потреба од неа. Акцијата трае до 31.12, а во неа учествуваат Европа, Tudors, Sport Vision, Fashion Group, Krsh Toys, Bebe House, Anhoch, Nina box и Extreme Intimo.

Приклучете се во акцијата #ЈасДедоМраз и овие празници донесете насмевки на лицата на многу дечиња.

da-se-napravi-nesto-za-srekata-na-drugite-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Бајковит 5-ти роденден на девојче од Скопје – замок за скокање, бели гулаби и кул катче со телефон з... Славеничката во бело фустанче со плетенки, се забавува под виножито од балони, п...
Маја Гугоска е креативна охриѓанка која прави совршени новогодишни колачиња и декорации „Нема шанси ако нешто сум видела и ми привлекло внимание да не го пробам. Колачи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg