B.U. доби заштитно лице од Македонија
- Детали
- петок, 10 јуни 2016
Во една од најмасовните дигитални кампањи кај нас, организирана од B.U. - одбравме ново заштитно лице на добро познатиот бренд.
Кампањата #Bunofilter траеше цели 9 недели во кои припадничките на понежниот пол беа охрабрени да ги прикачуваат своите фотографии на www.bunofilter.com. Во текот на сите 9 недели, добивме 9 девојки на неделата, како и финалниот избор на ѕвезда и ново заштитно лице на B.U. во Македонија!
Ана Марија Тодоровска е името на девојката која со своите фотографии успеа да го понесе епитетот победничка на #Bunofilter конкурсот. И тоа не е мала работа, бидејќи со свои фотографии аплицираа, верувале или не, преку 2.200 девојки!
Покрај Ана Марија, доделени се и 2-ра и 3-та награда за Каја Спасовска (Lenovo таблет) и Марија Трпеновска (ваучер од 6.000 денари од Stradivarius), како и уште 20 девојки кои добиваат B.U. Golden Kiss!
Ова не е се што B.U. подготви за оваа година. Останете во тек следејќи ги на интернет: www.bunofilter.com или на Facebook: BU Makedonija и подгответе се за новата B.U. In Action кампања која повторно интерактивно ќе ги вклучи девојките.