Еднa поинаква кампања на Скопско - Скопско Smooth со манифест на новата 2.0 генерација
- Детали
- петок, 20 мај 2016
Јас не сум мрзлив! Јас не сум кукавица! Јас не сум без идеја!... Јас не прифаќам предрасуди, ограничувања и етикети! Јас не сум безгласна буква! Јас сум тука, и јас знам кој сум.. – ова се само дел од пораките кои ги упатуваат младите во новото видео за Скопско Smooth.
Ова се 60 секунди што ќе те потсетат дека не си сам! Видео спотот за новото Скопско Smooth го манифестира карактерот на новата генерација.
Наместо вообичаена реклама, видео спотот за Скопско Smooth ги пренесува автентичните потреби и вредности на младите во Македонија, онака како што тие ги доживуваат.
- Направиме видео кое го следи духот и храброста на младите, кое е свежо и автентично, токму какво што е и новото Скопско Smooth – велат од Пивара Скопје, за новиот “манифест” кој денес со голема брзина се прошири по македонските портали.