Андријана Јаневска прослави 14 години од свадбата со Гино: „Оро игравме во Имес - ресторанот не постои, ама ние си тераме“
- Детали
- среда, 19 јуни 2024
„На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес“, напиша Андријана Јаневска на Фејсбук и објави неколку свадбени фотки.
Пејачката Андријана Јаневска и нејзиниот сопруг, музичарот Драган Гиновски - Гино, денес (19.06) прославуваат 14 години од нивната свадба.
За да го одбележи денот, Андријана на својот Фејсбук сподели неколку невестински фотки, направени 2010 година во дворот на црквата каде што се венчаа.
Таа носи бела венчаница со златни детали и вел, а Гино е во костум со крем боја.
„На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес.
Имес не постои, ама ние си тераме“, напиша пејачката на Фејсбук.
Иако правеа свадба во лето 2010, Андријана и Гино се венчаа неколку месеци претходно во матично, на 30 декември 2009 година.
Од бракот двојката има два сина, Димитар (роден 2011-та) и Кристијан (роден 2015-та).
На денешен ден пред 14 години бев невеста. 👰♀️ Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес. Имес не постои, ама ние си тераме. 😆😎
Posted by Andrijana Janevska on Tuesday, June 18, 2024
А. Ј. | Црнобело