Пиво “По твое” Скопско Smooth - промовирано новото пиво на Пивара Скопје

Денес со иновативна прес конференција, беше промовирано новото пиво од Пивара Скопје, Скопско Smooth со што и официјално се означи почетокот на уште една една успешна пивска приказна. Ова пиво за инспирација го зема СКОПСКО македонската бренд икона, за на новите генерации да им понуди пиво кое е питко со свеж и балансиран вкус.

pivo-po-tvoe-skopsko-smooth-promovirano-novoto-pivo-na-pivara-skopje-01

Скопско Smooth е првото пиво во Македонија кое e произведено од 100% арома хмељ по најнова технологија на ладна филтрација, резултат на 90 –годишната иновација на Пивара Скопје во усовршување на процесот на производство. Со процесот на ладна филтрација се избегнува процесот на пастеризација што овозможува Скопско Smooth да остане свежо како да е штотуку наточено. Скопско Smooth е светло пиво со мазен рафиниран и освежувачки вкус, 4.5% алкохол и 90 дена рок. Тоа го прави најсвежото пиво на пазарот.

“Како иновативна компанија Пивара Скопје е насоченa кон развој на најдобри брендови и услуги со цел да им обезбеди на конзументите најдобро искуство и доживување вредно за споделување. Пивара Скопје се стреми да остави печат на позитивните промени, развој на пивската култура и да внесе свежина во животот на конзументите. Како резултат на тоа настана Скопско Smooth. “изјави Генералниот Директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

pivo-po-tvoe-skopsko-smooth-promovirano-novoto-pivo-na-pivara-skopje-05.jpg

Инспирирано од бунтовната енергијата на младите Скопско Smooth е пиво со став, пиво кое има многу што да каже и покаже и кое го дели истиот прогресивен и свеж дух кој е одлика на младите и сите оние кои се чувствуваат млади.

pivo-po-tvoe-skopsko-smooth-promovirano-novoto-pivo-na-pivara-skopje-2

“Скопско Smooth е произведено со ладна филтрација, технологија со која се вбројуваме меѓу првите пивари во регионот и една од трите пивари во Heineken кои ја користат оваа иновативна технологија. Токму тоа заедно со врвните состојки кои се дел од сите наши пива на Скопско Smooth му даваат еден поинаков и прогресивен карактер.”- изјави Кирчо Стојанов, менаџер за производство на пиво во Пивара Скопје.

pivo-po-tvoe-skopsko-smooth-promovirano-novoto-pivo-na-pivara-skopje-04.jpg

Пивара Скопје со оваа иновација уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации во сите сегменти на работењето како дел од долгорочниот план за развој на пивската култура.

Би можело да ве интересира:

Ја претставуваше нашата земја на Јуниор Евровизија, дипломира на музичкиот колеџ Беркли - како изгле... По големите успеси на музичко поле Ања во септември 2010 ја претставуваше нашата...
Диџеј Никифор стана татко, со мекици го прослави раѓањето на Мелоди Еден од најпопуларните македонски диџеи, Никифор, и неговата сопруга Ани, го доб...
Дарко Влогс се врати на Инстаграм пофит од кога било – го смени изгледот, прослави 3 години брак со ... Видно ослабнат и со нова фризура – Дарко Влогс објави нови фотки на Инстаграм и ...
14-годишните Ана и Ивона од Радовиш помагаат на лица со посебни потреби: „Научивме дека секој може д... „Со нас работат и волонтираат и лица со посебни потреби. Со тоа научивме дека се...
Стефан ја запроси Марија над црквата Свети Јован Канео во Охрид: „Ми требаше 1 месец за сите подгото... „Имавме испланирано да го дочекаме прекрасното зајдисонце кај црквата „Св. Јован...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg