Ја претставуваше нашата земја на Јуниор Евровизија, дипломира на музичкиот колеџ Беркли - како изгледа денес Ања Ветерова?
- Детали
- петок, 24 мај 2024
По големите успеси на музичко поле како дете, Ања Ветерова во 2010 година ја претставуваше Македонија на Јуниор Евросинг во Белорусија, а ја пееше песната од Дарко Димитров и Елена Ристеска „Еооо, еооо“.
На музичката сцена се појави како мало слатко девојче во 2004 на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“.
На истиот фестивал до 2007 година таа ги испеа детските песни „Штрк“, „Во ритам“, „Луда забава“ и „За сцена родена сум јас“, песна со која ја освои првата награда на World of Talents 2007 во Одеса, Украина.
Ања пееше и на првото издание на детскиот фестивал „Чаролија“ во Србија, а во 2008 година настапи на најпрестижниот и најстар детски фестивал во светот, „Златна паричка“ во Болоња.
Учествуваше и на детскиот „Славјански Базар“ во Белорусија, а триумфираше и на јуниорскиот Сан Ремо.
Иако сними неколку песни, публиката најмногу го памети нејзиниот дует со битолскиот бенд „Паркети“ и песната „Јас те сакам тебе“.
По матурирањето, Ања замина да студира на еден од најспрестижните музички колеџи во светот, Беркли, во САД, каде што дипломираше во 2022 година.
Таа во една пригода откри дека името го добила по руската принцеза Анастасија, која нагалено ја викале Ања.
Во продолжение погледнете како денес изгледа Ања Ветерова:
В. К. | Црнобело